Европа
Старџен се среќава со Јункер, сака Шкотска да остане во ЕУ

Шкотската премиерка Никола Старџен ќе се сретне во средата попладне со претстедателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Брисел, каде што и покрај референдумското изјаснување за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, ќе ја брани позицијата на Шкотска во ЕУ, соопшти портпаролката на Комисијата.
Средбата е закажана за 17 часот по средноевропско време, а пред тоа шкотската премиерка Никола Старџен ќе разговара со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулци, и шефовите на пратенички групи на парламентарните партии.
Шкотските гласачи на британскиот референдум од 23-ти јуни главно се изјаснија за останување во ЕУ, што е големо спротивност со остатокот од Обединетото Кралство. Шкотската национална партија (SNP) во вторникот соопшти дека за останување во ЕУ гласале 62 отсто жители на Шкотска, и затоа „демократски неприфатливо“ би било земјата да излезе од Унијата „против нивната волја“.
„Решителна сум, потполно решителна, да го сочувам местото на Шкотска во ЕУ“, изјави Старџен во парламентот во Единбург. Рече, исто така, дека вториот шкотски референдум за независност е „многу веројатен“ во следните две ипол години.
Според најновата анкета на весникот The Sunday Times, 52 Шкоти поддржуваат во моментов отцепување од Обединетото Кралство и останување во ЕУ.
„Секој дел до Шкотска гласаше за останување“, истакна Старџен и додаде дека нејзината влада сега ќе започне да работи на законот кој ќе овозможи втор референдум за независност на Шкотска, доколку шкотскиот парламент оцени дека тоа е соодветно.
Според британските медиуми, шкотската влада ќе одржи седница во сабота за да ги разгледа натамошните чекори, а Старен признава дека целото тоа прашање е многу сложено.
Доколку отцепената Шкотска ѝ се приклучи на ЕУ, бездруго ќе биде воспоставена гранична контрола меѓу Шкотска и Англија, нејзиниот најголем трговски партнер. Исто така, Шкотска би можела да ѝ се приклучи на еврозоната, наместо да ја задржи британската фунта,.
Оттаму Старџен јасно порачува дека нејзиниот приорите во следниот период ќе биде дејствувањето во најдобриот интерес на Шкотска на начин да обединува, а не да разединува..
„Морам притоа да бидам сосема јасна: Како и да биде исходот од сето тоа, Англија, Велс и Северна Ирска секогаш ќе бидат најблиските соседи на Шкотска и нашите најдобри пријатели – ништо тука нема да се промени“, ја цитира британски The Telegraph Старџен./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.