Свет
Израелските командоси биле вооружени со „пеинтбол“ пушки?

Израел почна да шири информации дека израелските командоси од единицата „Шајетет 13“, која се качи на бродот „Мави Мармара“ ноќта на 30 мај биле вооружени само со „пеинтбол“ пушки, тогаш Израелците сериозно го потцениле отпорот, анализира институтот STRATFOR
Тука се отвораат две прашања. Како прво, STRATFOR до сега нема слушнато дека „пеинтболот“ се трансформирал од тренинг муниција (за што исклучително многу се користи) во оперативно корисна несмртоносна технологија, како што се гумените куршуми. Она што е клучно за тоа дали еден вид на муниција може да кутне напаѓач или не е составот на муницијата и силата која го исфрла, а „пеинболот“ во тој поглед е далеку зад другите проектили кои веќе се на располагање. И дури и да биле употребени „пеинтбол“ пушки, многу е необично Израел да донесе одллука да испрати командоси на толку густо наполнет брод (на „Мармара“ се наоѓале преку 600 активисти) со недокажана или одвај докажана технологија, особено ако се земе предвид дека Израел е земја со огромно искуство токму во вакви ситуации на контролирање на голема толпа луѓе. Но, многу поважно од тоа дали има вистина во овие тврдења е тоа за што оваа информација се залага. Израелците, кои редовно мораат да се справуваат не само со про-палестински активисти, туку и со Палестинците и со тврдокорните еврејски доселеници, се многу свесни и за предизвиците на справување со непријателски цивилни толпи и за тоа како таквиот судир може да биде изманипулиран за јавна консумпција. Но, да се тврди дека високоценета израелска единица за специјални операции се качила на брод со околу 600 активисти, подготвени за ваква разврска и при тоа се вооружиле само со „пеинтбол“ пушки и боева муниција само за полуавтоматските пиштоли, а сепак некако успеале да убијат 20 луѓе и да ранат уште многу други (иако и бројката на жртвите е многу спорна), некако не делува многу веродостојно. Можно е овие тврдења и да се во суштина вистинити и Израелците темелно да го потцениле отпорот на кој ќе наидат, што е многу тешко да се поверува со оглед на израелското искуство со вакви ситуации. Не е можно Израелците да не знаеле дека на брод полн со лабаво поврзани активисти кои доаѓаат од сите страни на светот, мора да има и такви кои се подготвени насилно да им се спротивстават на израелските војници.Израел, всушност,со тврдењето дека припадници на таква прочуена единица како „Шајетет 13“ отпочнале операција вооружени со „пеинтбол“ пушки се обидува да го намали ефектот на палестинската медиумска кампања, со која се тврди дека заземањето на бродот било злобен напад на невоооружени цивили, со што ќе се изгуби пропагандната вредност на кампањата.Целата ситуација беше покрената со намера да се предизвикаат далекусежни геополитички последици. Про-палестинските активисти многу јасно фрлија мамка за Израелците да претераат со реакцијата и, ако се суди според реакцијата на медиумите, на улчичните демонстранти, на политичарите од Европа, Турција и од Блискиот исток,успеаја во тоа. Но, последната поента која вреди да се спомене е дека, земено предвид веќе споменатото израелско искуство со ваквите ситуации, ова не е суштинската намена на единицата „Шајетет 13“: тие се специајлизирани за многу поагресивни операции на заземње на многу понепријателски бродови и затоа цивилниот отпор не е токму нејзиното поле на експертиза. Обидот да се искористи на неубиствен начин една од поубиствените единици на израелското Министерство за одбрана, можеби придонесе кон избувнувањето на насилството, но што и да се случило, јасно е дека овие командоси биле фрлени во многу лоша тактичка ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта на нападот била да се обезбеди ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас, пренесуваат светските медиуми.
Американскиот новински портал „Аксиос“ ги цитираше израелските претставници кои изјавија дека операцијата го означила почетокот на копнена офанзива во најголемиот град во Појасот Газа.
Израелските воени авиони извршија речиси континуирани напади врз Газа во текот на ноќта, придружени со артилериски оган, објави палестинската новинска агенција WAFA.
Палестинските медиуми објавија дека тенковите подоцна влегле во градот, каде што се верува дека се уште стотици илјади луѓе. Израелската војска не го потврди ова.
Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека Хамас има само неколку дена да се согласи на договор за прекин на огнот, бидејќи Израел започна особено тешки напади врз градот Газа.
„Израелците започнаа операции таму. Затоа веруваме дека имаме многу краток временски рок за да постигнеме договор со палестинската исламистичка група“, им рече тој на новинарите.
По посетата на Израел, по која следеше патување во Катар, Рубио рече дека веројатно му остануваат само „неколку дена, можеби неколку недели“.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за „Скај њуз“ од Претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели тој, е потребна храброста на Трамп, објави Скај њуз.
Зеленски изрази надеж дека британскиот премиер Кир Стармер ќе ја објасни иднината на Украина за време на државната посета на американскиот претседател на Велика Британија оваа недела. „Навистина се надевам дека тој (Стармер) ќе може да има многу специфична дискусија за безбедносните гаранции на САД за Украина“, рече тој.
„Пред да ја завршиме војната, навистина сакам сите договори да бидат во сила. Сакам да имаме документ што е поддржан од Соединетите Американски Држави и сите европски партнери. Ова е многу важно“, нагласи украинскиот лидер, додавајќи: „За да се случи ова, ни треба јасна позиција од претседателот Трамп“.
Украинскиот претседател, исто така, го повика американскиот лидер да преземе „силни лични чекори“ за да го „запре Путин“. Неговиот апел доаѓа откако Трамп ги повика сојузниците во НАТО да престанат да купуваат руска нафта и воведе царини за Кина за да извршат притисок врз Москва.
„Верувам дека Соединетите Држави се доволно силни за да донесат свои одлуки“, рече Зеленски. „Верувам дека Доналд Трамп може да ни даде системи за воздушна одбрана во доволни количини, а Соединетите Американски Држави имаат доволно од нив“.
Тој додаде дека е уверен дека Вашингтон може да воведе санкции што ќе ѝ наштетат на руската економија. „Сигурен сум дека САД можат да применат доволно санкции за да ѝ наштетат на руската економија, плус Доналд Трамп има доволно моќ да го натера Путин да се исплаши од него“, рече тој, потсетувајќи дека Европа веќе воведе 18 пакети санкции. „Се што недостасува сега е силен пакет санкции од САД“.
Зеленски, исто така, ги даде своите коментари во контекст на неодамнешниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска. Тој рече дека Трамп „му дал многу на Путин“ и „требало да плати повеќе“ за состанокот.
„Верувам дека доколку беше трилатерален состанок [со вклучена Украина], ќе имавме некаков резултат“, додаде тој.
По веста дека британските борбени авиони пресретнале руски дрон над Полска, Зеленски предупреди дека Путин ја тестира силата на Северноатлантскиот договор. „Тој го тестира НАТО“, рече тој. „Тој сака да види за што е подготвено НАТО, за што се способни, дипломатски и политички, и како локалното население ќе реагира на тоа“.
Според него, Москва испраќа уште една порака: „Не се осмелувајте да ѝ дадете на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана, бидејќи можеби ќе ви бидат потребни и вам“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев: Затворањето на небото над Украина би значело војна со НАТО

По изјавите на полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, дека НАТО размислува за затворање на небото над западна Украина поради честите напади со руски беспилотни летала, првата остра реакција дојде од Русија.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воспоставувањето зона на забрането летање над Украина и овластувањето на земјите од НАТО да соборуваат руски беспилотни летала би значело директен конфликт меѓу НАТО и Русија.
„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање „зона на забрането летање над Украина“ и дозволување на земјите од НАТО да соборуваат наши беспилотни летала значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот Телеграм канал, коментирајќи ја изјавата на Сикорски.
Медведев, исто така, забележа дека „моќната европска иницијатива „Источна стража““ повеќе го забавила отколку што го исплашила. „Се чини дека ова е сè што останало од „коалицијата на оние што се подготвени“, истакна тој.
Тој се осврна и на посетата на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур на Киев, додавајќи: „Колку е помала земјата, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“.
Оваа изјава претставува прв отворен одговор на Москва на најавите на НАТО за потенцијално затворање на дел од украинскиот воздушен простор и дополнително ги разгорува тензиите во регионот, укажувајќи на можност за директна конфронтација со сојузниците од Алијансата, според написите во светските медиуми.
Фото: принтскрин