Контакт

Естрада

Новиот албум на Дејвид Боуви во јануари – ВИДЕО

Објавено пред

Британскиот рок музичар Дејвид Боуви најави дека излегувањето на неговиот нов албум под наслов „Blackstar“ ќе се случи на 8-ми јануари 2016 година, на неговиот 69-ти роденден.

dobivaj vesti na viber

Истоимениот сингл ќе се појави денеска, 20-ти ноември, и како што се истакнува на официјалната интернет страница на Дејвид Боуви, тој не е дел од неговиот театарски проект „Lazarus“, како што претходно шпекулираа британските медиуми. Десетминутниот сингл „Blackstar“ е тематска песна на новата криминалистичка драма „The Last Panthers“, а наскоро ќе може да се слушне во целост.Долгогодишниот продуцент на музичарот, Тони Висконти, во интервјуто за последниот број на списанието Mojo, го опиша албумот како „нешто свежо, коешто доаѓа од сосема поинаквата вселена“. Вели дека пристапот на „Blackstar“ е поразличен од пристапот на албумот „The Next Day“ од 2013 година.„’The Next Day’.започна да испробува нешто ново, но во него се влечеше и помалку старо. На новиот албум не е така“, коментира Висконти.За авантуристичкиот нерв на „Blackstar“ проткаен со џез и интензитет на рокот, заслужен е составот од млади музичари коишто Бови ги собрал во периодот од јануари до мај годинава. Јадрото на бендот го сочинуваат саксофонистот Дони Меккаслин, гитаристот Бен Мондер, тапанарот Марк Џулиана, басистот Тим Лефебр и клавијатуристот Џејсон Лонднер.„Дејвид намерно го зема Дони за да не дојде до повторување. Да ги користевме поранешните музичари на Дејвид, тоа ќе беа рокери кои свират џез. Но да имате џезисти кои свират рок, тоа ги менува нештата. Нивниот пристап на музиката беше толку освежувачки, што му се радував на секој ден во студиото. Не е сторено ништо што би потсетувало на минатото“, коментира Висконти.Претходниот албум The Next Day“ беше објавен пред три години, исто така, на роденденот – на 66-от на Дејвид Боуви, а дебитираше на првото место во Велика Британија./крај/мф/сн

Извор: Мојо



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа1 час

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија4 часа

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ6 часа

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија7 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија8 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Македонија10 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ10 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет10 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет11 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија12 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура12 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија23 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија1 ден

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија1 ден

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија1 ден

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија1 ден

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...