Македонија
Расте прометот на берзата
Вкупен промет од 41.439.850,00 денари регистриран е денеска на Македонската Берза за Хартии од Вредност
Вкупен промет од 41.439.850,00 денари регистриран е денеска на Македонската Берза за Хартии од Вредност
Вкупниот промет на официјалниот пазар изнесуваше 39.907.633,00 денари, додека на редовниот пазар прометот изнесуваше 1.532.228,00 денари.
Индексот МБИ-10 во последниот ден од неделата се намали за 1,18% и се најде на ниво од 2.167 индексни поени. МБИД забележа пораст за 2,12% и се покачни на 2.261,29 индексни поени. Индескот за обврзници ОМБ се намали за 0,14% се најде на ниво од 104,58 индексни поени..
Акцијата на Комерцијана Банка доминираше на Македонската Берза односно официјалниот пазар со својот промет од 21.004.236,00 денари. Истргувани беа 9.546 акции при 14 трансакции со просечна цена од 2.200,32 денари остварувајќи пад од 3,28% на просечната пазарна цена. Се оствари промет од 15.400.000,00 денари и тоа само преку една трансакција преку која се истргуваа 7.000 акии на Комерцијална Банка по цена од 2.200,00 денари.
Државната обврзница за денационализација од осмата емисија оствари промет од 7.339.034,86 денари при истргувани 159.364 обврзници. Просечната цена на обврзницата се зголеми за 0,02% и изнесуваше 75,01% од номиналната вредност.
Акцијата на Алкалоид оствари промет од 3.464.150,00 денари со вкупно истргувани 872 акции. Просечната пазарна цена порасна за 1,30% односно изнесува 3.972,65 денари.
Од редовниот пазар со својот промет се издвојуваше акцијата на Тутунска Банка со промет од 646,700 денари при што се истргуваа 166 акции со просечна цена од 3.895,78 денари со раст од 0,20%.
Прометот на акцијата РЖЛВ – Арцелормиттал (ХРМ) Скопје беше 352.781,00 денари со постигната просечна цена од 93,77 денари по акција и пораст од 0,11%. Се истргуваа 3.762 акции.
ЗК Пелагонија објави собрание на акционери кое ќе биде одржано на 25.06.2009 (чеврток) – 12:00 часот во просториите на ЗК Пелагонија АД – Битола. На собранието ке се донесуваат предлог одлуки за усвојување на годишна сметка, финансиските извештаи, распределба на добивка и дивиденден календар за 2008 година. Предлог одлука е дивидендата по акција (обична или приоритетна) да биде 252,00 денари. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 30.06.2009 година, прв ден без право на дивиденда е 01.07.2009. Датум на пресек на книгата на акции е 03.07.2009 година. Исплатата на дивиденда за 2008 година е во законскиот рок (30.09.2009).
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална Банка Скопје
2. Р.Македонија – денационализација 08
3. Алкалоид Скопје
4. Макпетрол Скопје
5. Топлификација Скопје
Хартии од вредност со најголем раст
1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 23,38%
2. Винарска Визба Тиквеш Скопје 20,11%
3. Попова Кула Демир Капија 10,00%
4. ОХИС Скопје 3,89%
5. Алкалоид Скопје 1,30%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Макстил Скопје 4,35%
2. Комерцијална Банка Скопје 3,28%
3. Стопанска Банка Битола 2,22%
4. Макпетрол Скопје 1,35%
5. Р.Македонија – денационализација 05 1,20%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во крводарителска акција во Велес собрани 99 крвни единици
Во акцијата за доброволно дарување на крв што по 7. пат ја организира Здружението „Велес бајкинг“ во соработка со Општинската организација на Црвен крст Велес денеска во Театарот во Велес, беа собрани 99 крвни единици што е рекорд за оваа веќе традиционална акција. Инаку лани беа собрани 68, а во 2023 година 76 крвни единици.
Орце Николов секретар на ООЦК Велес, оцени дека оваа е најуспешна акција досега. Воедно се заблагодари на Здружението „Велес бајкинг“ што ја иницираа и организира и сите велешки крводарители што се вклучија во неа, како и на медицинската екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје која ја реализира.
Во денешната акција 10 велешани за првпат даруваа од драгоцената течност. Меѓу крводарителите беше и д-р Кирил Лазов, актуелен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и специјалист по трансфузиона медицина кој денеска по 51. пат даруваше крв.
Македонија
Обвинение добија три лица кои му се заканувале на градоначалникот Митко Јанчев
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г.
Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус. Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол.
Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство.
Второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник.
За првообвинетиот, кој има двојно македонско и бугарско државјанство, јавниот обвинител процени дека постои реален ризик од бегство и опасност да го изврши делото со кое се заканува, па до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Сиљановска Давкова учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес.
-Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Благодарницата за мојот скромен придонес, од „Добредојде“ и Амбасадата на Австрија, ме потсети дека суштината на хуманоста најсилно се изразува кога е упатена кон децата. Импресивно е кога празничната магија добива длабока човечка димензија!, објави претседателката на Фејсбук.

Дипломатски хуманитарен базар, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.

Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

