Спорт
Рондо со цепелин до Кеј Џи за триумф на Бостон

Во Велс Фарго Центарот во Филаделфија Андре Игуадала со хорог на 6 секунди пред крајот ја доведе Филаделфија во водство од 102:101. Но на 1,4 секунди пред сирената да означи крај, Ражон Рондо со цепелин го проигра Кевин Гарнет кој во скок од идеална позиција ја положи топката за победа на Селтик над 76-ките од 102:101. Реј Ален беше најефикасен кај Бостон со 23 поени, а Ражон Рондо оствари 19 поени, 14 скокови и само една асистенција, но онаа најважната со која Бостон ја оствари својата девета победа во серија, а вкупно 18-та оваа сезона.Џоди Микс постигна 19 поени за Филаделфија, Андре Игуадала 14 поени и 11 асистенции, а Елтон Бренд 13 поени и 14 скокови.Во Америкен Еирлајнс Центарот Далас го победи Њу Џерси со 102:89. Победата речиси беше обезбедена на полувремето на кое домаќините отидоа на одмор со резултат 55:40. Новицки имаше 21 поен и 10 скокови, а Шон Мерион 18 поени и 6 скокови за Далас. Брук Лопез со 24 поени и 8 скокови беше најдобар во тимот на Њу Џерси, а Крис Хемфри оствари 16 поени и 13 скокови.Во Роуз Гарден Арената во Портланд Блејзерси го победија Орландо со 97:83. Магичните направија позитива од седум поени во првата четвртина и тоа беше се што покажаа на овој меч. Домаќините израмнија до полувремето и влегоа со сигурна предност во финишот. Андре Милер имаше 22 поени, 7 скокови и 8 асистенции, а Весли Метјус 20 поени за Портланд кој со оваа победа дојде на 50 проценти учинок (11-11).Во тимот на Орландо кој што сега има скор од 15 победи и само 7 порази, Двајт Хауард беше најефикасен играч на натпреварот со 39 поени и 15 скокови, но останатите негови соиграчи немаа свој ден.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“

Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј.
Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба.
Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство.
Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го привлече вниманието на голем број клубови. Вкупно, минатата сезона постигна 18 голови и имаше 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања.
Лидс исто така беше заинтересиран за него, но на крајот Паишао се одлучи за познатиот француски клуб од „Велодром“.
Спорт
62.000 луѓе го гледале првиот меч во германската Втора лига

Фудбалерите на Шалке ја победија Херта со 2:1 во првиот натпревар од новата сезона на второто најсилно натпреварување во Германија.
Навивачите не разочараа ниту овој пат, без разлика дали поради фактот што беше прво коло, или поради повикот на дербито, иако е само прво коло, овој дуел најверојатно ќе остане еден од најпосетените оваа сезона во Германија, не само во Втората туку и во првата Бундес лига.
Официјално, натпреварот во Гелзенкирхен на „Велтинс Арена“ го гледаа 62.271 навивач.
Schalke 04 at home to Hertha BSC tonight! 🇩🇪 pic.twitter.com/oq7D0eDO6V
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 1, 2025
Големиот интерес на фудбалските фанови за натпреварите во Цвајта, секако, не е ништо ново. Од година во година, бројот на навивачи на трибините во Втората лига само расте, а оваа сезона би можела да ги надмине рекордните бројки од претходната.
Имено, во натпреварувачката сезона 2024/2025, натпреварите во просек ги гледале 30.493 гледачи, што е зголемување од шест отсто во споредба со претходната сезона.
Шалке победи со 2:1 со головите на Муса Сила и Никола Катиќ. Голот за тимот од Берлин го постигна Себастијан Гренинг.
Спорт
Легендата Сон го напушта Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Сон, потврди дека го по 10 години ќе го напушти клубот.
Во последните недели се шпекулираше за неговото заминување, а сега капитенот на Тотенхем на прес-конференција за време на азиската турнеја потврди дека го напушта северен Лондон.
„Дојдов во Тотенхем како момче, имав 23 години, дури и не зборував англиски, а си заминувам како возрасен човек во многу горд момент. Ова беше една од најтешките одлуки што сум ги донел. Решив да си заминам ова лето“, рече Сон.
Сон е дефинитивно една од најголемите легенди на клубот, помина цела деценија во Тотенхем, одигра 454 натпревари, постигна 174 гола и регистрираше 101 асистенција.
Според информациите, Сон ги отфрлил понудите од Саудиска Арабија, како и поканата на Жозе Мурињо да се пресели во Фенербахче, а неговиот следен клуб ќе биде Лос Анџелес.
Бројни сигурни извори потврдија дека Сон е во завршни преговори и дека би можел да отпатува за да го потпише договорот во текот на следната недела.