Свет
Исландскиот вулкан и денеска прави хаос во авиосообраќајот
Пепелот од исландскиот вулкан и денеска предизвикува хаос во авиосообраќајот во северниот и западниот дел на Европа
Пепелот од исландскиот вулкан и денеска предизвикува хаос во авиосообраќајот во северниот и западниот дел на Европа.
Воздушниот сообраќај во Велика Британија ќе биде затворен најмалку до 19 часот по локално време, а летањето е забрането и во Ирска, Белгија, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, како и во северните делови на Франција и на Германија.
Илјадници патници останаа на аеродромите, откако од вчера се откажани најмалку пет илјади летови, а експертите предупредуваат дека облакот вулкански пепел над северна и западна Европа би можел да се задржи уште најмалку еден ден.
Вулканот на глечерот Ејафјалајокул исфрла пепел и прашина во височина од осум до десет километри во воздух, што може да ги оштети авионските мотори.
Исланд засега нема проблеми во авиосообраќајот, бидејќи ветрот го носи вулканскиот облак кон Европа. Сепак ерупцијата предизвика големи поплави на Исланд, бидејќи активноста на вулканот го топи глечерот. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Цетиње
Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагичниот настан во градот Цетиње, Црна Гора, каде што беа убиени 12 и ранети четири лица.
Одлуката за прогласување Ден на жалост беше донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, по предлог на претседателот Александар Вучиќ.
Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од масовното убиство што ја потресе регионот.
Трагедијата се случи на 1 јануари, кога вооружен маж застрела седум мажи и три жени, меѓу кои и својата сестра, како и две деца на возраст од 10 и 13 години. По страшниот чин, напаѓачот се застрела во главата и подоцна почина на пат кон болница. Четири лица кои беа тешко повредени се хоспитализирани и се наоѓаат под медицинска грижа.
Регион
Граѓаните на Црна Гора предале над 30 парчиња оружје во рамки на кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“
Во последните три дена, граѓаните на Црна Гора доброволно предале значителна количина оружје и муниција како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“, соопшти Управата за полиција. Предадени се 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје.
Полицијата апелира до сите граѓани да го дадат својот придонес за безбедноста на општеството со предавање огнено оружје, муниција и експлозивни средства што ги поседуваат. Притоа, се нагласува дека ова може да се направи без никакви правни, кривични или прекршочни последици, без разлика дали оружјето е во легално или илегално сопствеништво.
„Ги повикуваме сограѓаните да се јават на бројот 122 или да ги информираат полициските службеници за желбата да го предадат оружјето. Важно е да напоменеме дека оружјето не треба да се носи самостојно во полициски станици,“ стои во соопштението на полицијата.
Оваа иницијатива добива дополнителна важност по трагичниот настан на 1 јануари на Цетиње, каде што животот го загубија 12 лица, меѓу кои три жени и две деца. Во инцидентот четири лица беа повредени, а напаѓачот, 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, изврши самоубиство.
По оваа трагедија, во земјата беше прогласена тродневна жалост од 2 до 4 јануари. Кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“ ја доби поддршката на јавноста како важен чекор кон подобрување на безбедноста и превенција од вакви трагедии.
Свет
Крим прогласи вонредна состојба, излеаната нафта дојде до плажите кај Севастопол
На Крим денеска беше прогласена вонредна состојба поради загадувањето на плажите во Севастопол, предизвикано од нафта која се излеала од два танкери погодени од невремето пред околу три недели.
Инцидентот се случил во Керчкиот теснец, кој го дели полуостровот Крим од рускиот регион Краснодар, а нафта се разлеала на повеќе од 250 километри од Севастопол.
„Денес, во Севастопол беше прогласена регионална вонредна состојба“, изјави регионалниот гувернер Михаил Развожаев преку Телеграм.
Тој објасни дека нафтата била присутна на четири плажи во регионот, но нагласи дека локалните власти и волонтерите веднаш презеле акција и ја отстраниле.
„Да напоменам, нема масовно загадување на брегот во Севастопол“, додаде Развожаев, истакнувајќи дека штетата е ограничена.
Керчкиот теснец, кој е важен поморски коридор кој ја поврзува Азовското Море со Црното Море, има глобално значење, што го прави овој инцидент уште позначаен.