Македонија
ОБСЕ нема коментар за скандалот со детски порнографски материјали
ОБСЕ не го коментира случајот за нивниот вработен кој е осомничен за поседување на детска порнографија во компјутерскиот систем.
ОБСЕ не го коментира случајот за нивниот вработен Кјетил Андре Сана кој е осомничен за поседување на детска порнографија во компјутерскиот систем.
„Немам коментар за ова прашање, тоа е прашање за други власти и немам други информации освен оние од медиумите “, рече Кнут Волебек високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ.
За овој случај остро реагираа невладините организации од Македонија.
„Сексуалната злоупотреба остава најдлабоки траги во психата на едно дете и ги повикуваме сите државни институции во Македонија на поголема мобилност и будност“, изјави Драги Змијанац извршен директор на првата детска амбасада Меѓаши.
Змијанац побара да биде расветлен случајот на осомничениот за педофилија од ОБСЕ „бидејќи анонимниот јавувач на 31. мај имал основан сомнеж дека осомничениот покрај поседување на детски порнографски материјали наводно извршил обљуба и злоупотреба на малолетни деца од различен пол на возраст под 14 години и можно е да биде гонет и според кривичниот закон 188 за полов напад на дете“.
Невладината организација Македонска младинска асоцијација „изрази згорзеност од последниот педофилски скандал и ќе се спротистави на секаков вид на злоупотреба на децата вклучувајќи ја и педофилијата како најтежок вид на повреда на основните човекови права и слободи“, рече Благица Корубин.
Триесет и осум годишниот Норвежанец Сана од мисијата на ОБСЕ на 16 мај ја напуштил Македонија и МВР покрај кривичната пријава против осомничениот стапи во контакт и со Интерпол со цел за целосно расчистување на случајот./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Невреме во Тетово: Поплавени улици, домови, гаражи
Силно невреме го зафати Тетово, поплавени се улици, домови, гаражи.
Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.
„Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово“, информира вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово.
За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.
Македонија
Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС
„Ситуацијата не е настаната од вчера за денес. Не зборуваме ние за состојба која била совршена до вчера, а од денес не е совршена. Зборуваме за причинско последични состојби и дека состојбата во која сме дојдени е резултат на погрешно преземани политики на СДС”, истакна портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
Митева продолжи и додаде:
„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, вели Митева Митева истакна дека состојбите кои ги креира СДС се тотално погрешни.
„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користи политика за дневно политички поени без никаква суштина”, кажа Митева.
Митева истакна дека за разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветена.
„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.
Македонија
Николоски: Македонија не се откажува од идејата за квалитетно железничко поврзување со Бугарија
Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во Македонија преку која ќе изградиме квалитетни транспортни мрежи во регионот и ќе допринесеме за побрза интеграција со Европската Унија, е ставот на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска го пренесе на средби со министри за транспорт од земји на Европската Унија, средби со колегите министри од земјите на Западен Балкан како и со претставници од различни институции на Унијата во рамки на дводневниот состанок на министри за транспорт на ЕУ што се оддржува во Унгарија.
Министерот Николоски ја потенцира важноста на поддршка на земјите од Европската Унија за спроведување на овие проекти и како што нагласи, нивната реализација ќе значи економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.
Во одвоени средби со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија Јанош Лазар, со заменик претседателката на Владата и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балоку како и претседателот на Заедницата на европски железници Алберто Мацола, информираше дека Македонија ги засилува инвестициите во изградба и модернизација на европските транспортни коридори 8 и 10, поврзувајќи ја оската Исток-Запад, како и брзо поврзување со југ со Атина и на север со земјите од Централна Европа.
Тој ги потенцираше силните заложби на македонската влада за изградба на модерни автопати на западниот дел на коридор 8 кои треба да обезбедат квалитетно регионално поврзување, притоа нагласувајќи дека до крај на оваа година источниот дел од овој коридор ќе биде завршен.
Во однос на железничкото поврзување приоритет е изградба на двоколосечна брза пруга на Коридор 10, проект кој ќе даде дополнителна вредност на целокупната економија во регионот. Во однос на пругата на коридор 8, тој нагласи дека Македонија не се откажува од идејата за квалитетно железничко поврзување со Бугарија.
Изградбата на брза пруга на Коридор 10 како и квалитетно патно и железничко поврзување со Албанија и Бугарија се проекти кои ќе донесат големи придобивки за сите земји од регионот и ќе овозможат сигурен и брз транспорт на производи и патници. Затоа мора заеднички да настапиме со добри развојни програми и планови и да побараме силна поддршка од нашите партнери од Европа, истакна министерот за транспорт Александар Николоски.
Тој исто така информираше дека Македонија започна и со модернизација на неколку гранични премини како дел од проектот за олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан.
Состанокот на министри на земјите од Европската унија е одлична можност да ги презентираме нашите планови и активности за развој и модернизација на инфраструктурата во Македонија и да дадеме сериозен придонес за регионалниот развој и интеграцијата на цел регион, посочи министерот Николоски по средбите.
На средбите тој ја истакна цврстата заложба на Владата за остварување на зацртаните цели на земјата кои се однесуваат на пристапниот процес за членство во Европската Унија.