Свет
Израелци го тужат Хамас
Петнаесет израелски жртви од палестинските ракетни напади поднесуваат тужба пред суд во Белгија, барајќи повеќе лица до водството на палестинската милитантна организација да бидат осудени за воени злосторства, извршени во текот судирите во Газа од ноември 2008 г., пренесоа израелските весници
Израелците кои имаат и белгиско државјанство, се со повреди од ракетирањеата на Хамас, на некои им се урнати куѓите во тие напади, а некои изгубиле роднини меѓу стотината жртви наспроти 1.400 кои ги имаше палестинската страна при офанзивата на израелската армија под кодно име „Вжарено“. Тужбата без преседан досега е поднесена од страна на произраелска организација во Европа која бара судот да отвори истрага против десет политички и воени лидери на Хамас и, доколку е неопходно, да издаде налози за нивно апсење.Во поднесокот на тужбата, нејзините подносители се повикуваат на извештаите на меѓународни групи за човекови права и Комисијата на Обединетите нации која ја предводеше поранешниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Хаг, Ричард Голдстон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.