Свет
Русија секоја година губи милион работоспособни лица
Милион работоспособни лица секоја година го напуштаат работното место поради тоа на Русија е требаат повеќе доселеници, изјави Константин Ромодановски од емигрантската служба и ги повика соработниците да се врати против иселеничкиот став.
Милион работоспособни лица секоја година го напуштаат работното место поради тоа на Русија е требаат повеќе доселеници, изјави Константин Ромодановски од емигрантската служба и ги повика соработниците да се врати против иселеничкиот став.„Русија секоја година губи милион лица од пазарот на трудот“, изјави тој и го осуди против иселеничкото движење поради расистичките напади проследени со експлозии по распадот на поранешниот Советски сојуз.Тој ги отфрли шпекулациите дека емигрантите носат немири, бидејќи само 3,5 отсто од кривични дела и прекршоците се извршени од страна на странци.Според проценките во Русија има пет милиони илегални доселеници, главно од поранешните Советски републики, Ромодановски упати повик за регулирање на правиот статус на овие луѓе.Од 1993 година Русија изгуби 5,8 милиони жители, а денес има 142 милиони луѓе.Експертите предвидуваат нов демографски пад кој се должи на намалениот наталитет од деведесеттите години. /крај/хина/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

