Економија
“Шкода“- Најдобра од 100 рангирани чешки компании

Најголемиот чешки производител на патнички автомобили, “Шкода“ е најдобрата чешка компанија и победник на анкетата “Чех Топ 100“ во која менаџери, економски експерти и претставници на
Најголемиот чешки производител на патнички автомобили, “Шкода“ е најдобрата чешка компанија и победник на анкетата “Чех Топ 100“ во која менаџери, економски експерти и претставници на синдикатот ги избираат најдобрите компании.
Основен критериум се вредноста на компанијата, квалитетот на производството, одговорноста кон животната средина, односот кон клиентите и учеството во добротворни и хуманитарни цели.
Зад “Шкода“ на второ место се пласираше државниот електроенергетски гигант “CCEZ“, а на третото место се најде производителот на безалкохолни пијалоци “Кофола“, која го произведува пијалокот, што беше комунистичка замена за “кока кола“ и “пепси“.
Меѓу првите 10 претпријатија, што Чесите ги сметаат за највредни во своето стопанство се и Комерцијална банка и Чешката договорна банка.
“Овогодишната анкета покажа извесни поместувања. Вкупно 79 претпријатија од минатогодишните Топ 100, успеаа и оваа година да се пласираат меѓу 100-те најдобри“ -изјави Јан Штруз, претседателот на здружението Чех топ 100./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.