Македонија
Г.Г. Стефан: Случувањата на Кале – удар врз македонскиот идентитет и духовност
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во последните случувања поврзани со изградбата на црквата-музеј на скопското Кале препознава нов обид за удар врз македонскиот идентитет и духовност
„И ова последното со реконструираната црква музеј на скопското Кале исто така не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонските цркви и споменици во северна Грција. И неприфакањето на Македонската православна црква, возобновената Охридска архиепископија, како црква на македонскиот народ не е подалеку од желбата на соседите кои неприфаќајќи не, сакаат духовно да не изолираат и обезличат како православен народ. Но длабоки се духовните корени и цврсти се темелите на нашите градби и долга е историјата на нашето постоење ќе истраеме и ќе се одбраниме, зашто вистината е наша страна а веруваме и Бог е со нас“, изјави архиепископот Стефан.Тој посочи дека е подготвен за средба со челниците на Исламската Верска Заедница со цел спречување на евентуални нови инциденти.„Не е мое да оценувам и немам доволно аргументи кој стои позади настаните што се случија на Кале. Мислам дека лидерите на МПЦ и ИВЗ не сме инволвирани , но, јас не бегам од средби и разговори се со цел вакви немили сцени да не се случуваат. Јас мислам дека некои однадвор од верските заедници, ги поттикнува нашите млади што мислам дека не е добро за никого“, изјави архиепископот Стефан.Тој денеска, во сослужение на митрополитите Агатангел, Тимотеј и Иларион со свештеници од Епархијата Повардарска, ја преосвети црквата Успение на мајката Божја, Света Богородица во Велес. И додека свештениците се молеа фрескоживописот да има исцелителна моќ бидејки пред него ќе се молат верниците, светото кандило, кое постојано ќе гори, го запали градоначалникот на Велес, Горан Петров.На новиот фрескоживопис две години работеше тајфата Свети Лука, додека пак иконостасот изработен од длабока резба е дело на копаничарот Љубе Бисин.„ Од овде со овој свет храм , светата Македонска Православна Црква повикува на помирување на нашиот народ оти се понагласена е поделбата помеѓу нашиот македонски народ. Светата црква повикува на единство како христијански народ, како граѓани на Република Македонија потребно е да си простуваме и да се покаеме и да се помолиме еден за друг зошто живееме во време со значителни искушенија“, рече господин господин Стефан.Преосветената црква Света Богородица е изградена во далечната 1874 година со доброволни прилози на верниците. По преосветувањето на овој храм, верниците очекуваат што поскоро да биде осветена и црквата Свети Кирил и Методиј која се гради во центарот на Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада.
Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители.
Тој потсети дека пред изборите раководството на СДСМ јавно се залагало за бришење на техничката влада и посочи дека допрва треба да се види дали таа позиција сè уште важи.
„Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема Бадентер. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно“, рече Мицкоски во интервју за „Алфа“.
Според него, доколку постои заедничка оценка дека техничката влада го кочи функционирањето на системот, има проблеми со уставноста и не остава доволно простор за маневрирање, тогаш таквите измени треба да се направат, но исклучиво со политичка согласност.
„Планирам од утре да упатам покана до сите лидери на политички партии или водства на коалиции што имаат пратеничка група во рамките на парламентот, да организираме една лидерска средба“, изјави Мицкоски.
На средбата би станало збор и за изборот на Народен правобранител и реформските закони поврзани со напредокот на државата кон Европската Унија.
„Да покажеме зрелост и да разговараме отворено на теми за кои немаме дијаметрално различни ставови. Сите велиме дека сме за Европската Унија, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија, ајде да седнеме и да разговараме“, порача Мицкоски.
Македонија
На Божиќ се роди Миха – првото бебе во 2026 година во Кочани
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински часови се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. Мајката Виолета од Оризари роди здраво машко дете, второ во семејството Димитровски од Оризари.
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска го посети Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница – Кочани, каде што со д-р Илчо Атанасовски, којшто го изврши породувањето и со директорката на болницата Катерина Мирчовска-Паниќ ѝ ја честитаа рожбата на мајката.
Градоначалникот им ги врачи традиционалните подароци на бебето и на мајката и им посака добро здравје и многу среќа во животот.
– Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која, Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати го кажавме, за повторно раѓање на Кочани и на кочанската болница. Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин, му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град Кочани. Ние како Општина ќе бидеме посредник меѓу централната власт и институцијата болница во Кочани за што е можно побрзо возобноување и повеќе инвестиции, како на кадровско така и на организациско поле – рече градоначалникот Грозданов.
На Гинеколошко-акушерското одделение и на дежурната екипа градоначалникот им врачи подароци и им посака успешна работа во 2026 година.
Доктор Илчо Атанасовски соопшти дека во 2025 година на Гинеколошкото одделение во Кочани се извршени 1600 прегледи и 230 хоспитализации. Бројот на породувања е помал во споредба со лани, но бројот на дијагностицирани карциноми е зголемен од 5 во 2024 на 16 во 2025.
Според директорката Паниќ-Мирчовска се очекува брзо кадровско екипирање на Гинеколошко-акушерското одделение со нови специјалисти, како и подобрување на медицинската опрема во кочанската болница.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

