Спорт
Холандија стигна до третата победа на мундијалот
Со победата во Кејптаун пред 60 илјади гледачи од 2:1 против Камерун, Холандија се квалификуваше со максимални девет бодови во Групата Е и во осминафиналето ќе се сретнат со Словачка
За Холандија прецизни беа Робин ван Перси во 36. и Клас Јан Хунтелар во 84. минута, додека привременото изедначувањето за Камерун го донесе Самуел Ето во 65. минута од пенал. Камерун на чија репрезентација пред Светското првенство и’ се даваа големи шанси за минување на фазата по натпреварите по групи, заврши неславно на последното место со три пораза и се разбира со нула бодови.И пред мечот беше јасно дека „портокаловите“ ќе одат во осминафиналето, а Камерунците дека ќе заминат дома. Но се претпоставуваше дека Ето и дружината ќе се обидат барем во последниот меч да докажат дека се една од најдобрите африкански репрезентации во која има добри фудбалери. На играта на камерунската репрезентација на муднијалот сигурно влијае многу постојаните критики што доаѓаа од страна на поранешните репрезентативци чија мета беше Ето заради според нив недоволното залагање во националниот дрес, што кај ѕвездата на европскиот шампион Интер предизвика дилема дали воопшто да настапи во Јужна Африка. Се’ на се’ мечот растоварен од императивот на успехот по секоја цена, донесе допадлив меч во кој имаше многу шанси. Камерун тргна отворено од почетокот и ја имаше топката повеќе кај себе, но не успеа да создаде сериозна шанса за постигнување погодок. Од другата страна, холандскиот стратег ван Маарвијк се предели да не ги форсира премногу играчите па ја постави играта во која одличните напаѓачи требаше да го загрозуваат противничкиот гол преку брзи исфрлања во контри. Првата таква акција на Холандија се случи во 16. минута кога ван Перси изби сам пред голманот Сулејмани но биеше млако во него. Но затоа, пак, 20 минути подоцна ѕвездата на лондонски Арсенал не ја пропушта втората идентична шанса откако направи неколку двојни проигрувања со соиграчите од нападот и ј протна топката низ нозете на Сулејмани.Камерунците меѓутоа не паднаа во играта и по примениот гол, напротив пожестоко почнаа да притискаат кон голот на Стекеленебург. Од 59. до пеналот во 65. минута тоа создадоа вистинска опсада пред холандскиот гол. Играта доби на интензитет, но за Холандија во 73. минута првпат на Светското првенство влегува во игра нејзиниот најдобар фудбалер Арјен Робен, кој 11 минути подоцна направи одличен соло продор погодувајќи ја стативата, на што правовремено реагираше Хунтелар поставувајќи го конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

