Македонија
Македонија со чисто досие за политичките критериуми
Европската комисија оценила напредок во сите политички критериуми за членство во Унијата
Европската комисија оценила напредок во сите политички критериуми за членство во Унијата.
Единствено препорачува решавање на спорот со Грција во врска со името, имплементација на Законот за јавна администрација и зголемување на независноста на судството.
Европската комисија позитивно ја оценува работата на Парламентот. Во извештајот пишува дека тој изминатата недела работел врз принципот на дијалог, што е “клучен приоритет за пристапувањето“.
„За прв пат парламентот и неговите тела вистински го зеде предвид Извештајот за напредокот на Европската комисија. Националниот совет за ЕУ интеграција и Комисијата за европски прашања продолжија да работат со дослух на јавноста и да го зголемуваат учеството на граѓанскиот сектор“, пишува во Извештајот.
Но, Европската комисија забележува дека Комитетот за меѓуетнички односи играл ограничувачка улога што се однесува до воведувањето на етнички смени во училиштата во некои региони. ЕК оценува дека Комитетот главно се концентрирал на примената на Бадентеровото мнозинство при носењето на законите.
ЕК забележува напредок во организирањето на предвремените парламентарни избори во 2008 година, за разлика од она што се случуваше на изборите во 2006.
„Следејќи ги препораките од Врховниот суд да даде приоритет на случаите од овој тип, локалните судови одредиле 29 мерки на притвор. Околу 96 случаи чекаат да бидат разрешени“, пишува во Извештајот.
ЕК констатира и тоа дека седум полицајци вмешани во изборните неправилности биле отпуштени од работа.
„За претседателските и локалните избори од 22 март и 5 април, набљудувачките мисии на ОБСЕ и Советот на Европа заклучија дека се во согласност со препораките на ОБСЕ и меѓународните стандарди на демократските општества“, пишува во Извештајот.
Но, во Извештајот е нотирано дека на денот на изборите забележан е притисок врз гласачите, најчесто од службеници во јавната администрација.
Владината коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е оценета како функционална. Реформите поврзани со ЕУ, како и визната либерализација се оценети како врвни приоритети на кои работела Владата.
„Децентрализацијата, како основен принцип на Охридскиот рамковен договор продолжува со трансфер на надлежностите на општините. Меѓутоа потребни се дополнителни напори, особено во делот на финансиските рамки на општините“, пишува во Извештајот.
За она на што еврокомесарот за проширување Оли Рен предупреди при последната посета во Скопје во август, јавната администрација и судството, во извештајот се оценети како области во кои е направен значителен напредок.
Се поздравува донесувањето на измените на Законот за државна администрација и работата на Агенцијата за државни службеници. Комесарите предупредуваат дека наредната година треба да се работи на имплементација на овој закон.
Во Извештајот за напредокот на Република Македонија наведена е забелешка за незаконски напредувања во кариерата кај 77 државни службеници, од кои 38 во Министерството за економија.
Во однос на судството се поздравува тоа што судии и јавни обвинители се избираат од редот на првата генерација дипломирани во Академијата за судии и јавни обвинители.
„Дополнителни напори се потребни за да се обезбеди независност и непристрасност на судството, особено преку спроведување на одредбите кои се однесуваат на именувањата и унапредувањата“, пишува во Извештајот.
Позитивна е оценката и во делот на борбата против корупцијата. Споменат е законот за финансирање на партиите во делот на зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките субјекти. ЕК бара гаранции за правилна примена на законот во иднина.
Интеграцијата на етничките заедници останува ограничена. ЕК бара ефикасно спроведување на Охридскиот рамковен договор и тоа со консензус.
„Мал е напредокот во врска со Ромите. Тие продолжуваат да се соочуваат со многу тешки услови за живеење и дискриминација, посебно во однос пристап до личните документи, образованието, социјалната заштита, здравството, вработувањето и соодветно домување“, пишува во Извештајот.
Односите со соседите се оценети позитивно, како и учеството на Македонија во регионалните иницијативи. Во врска со Грција, Комисијата наведува дека односите меѓу македонската и грчката влада завист од спорот со името. Наведен е примерот со именувањето на аеродромот во Скопје во „Александар Македонски“.
„ Треба да се одбегнуваат одредени дејства и изјави кои може негативно да влијаат врз добрососедските односи. Одржувањето на добрососедските односи, и продолжување на преговорите за заемно прифатливо решение за името под покровителство на ОН останува да бидат суштински“, препорачува ЕК.
Во односите со Бугарија, ЕК евидентирала неколку контроверзни прашања, кои се поврзани со правото на етничко самоопределување на индивидуите./крај/фо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

