Македонија
ЕУ – Со фер избори, наесен датум за преговори

Европската комисија наесен ќе препорача датум за почеток на преговори со Македонија, ако спроведе демократски избори и ги доврши неколкуте реформи
Европската комисија наесен ќе препорача датум за почеток на преговори со Македонија, ако спроведе демократски избори и ги доврши неколкуте реформи што се бараат од неа
Ова го изјави анонимен висок претставник на Комисијата во Брисел, кој денеска го цитира весникот „Дневник“.
Според истиот извор, разликите за името нема да бидат пречка Европската комисија (ЕК) да ја донесе одлуката за почеток на преговори.
„Не смее да има сомневања оти препораката за почнување преговори зависи исклучиво од реформскиот процес, а не од спорот, кој е билатерален. Оттука, ако Македонија покаже демократска зрелост на изборите и ги доврши бараните реформи, не гледам што би можело да ја спречи ЕК да ја даде својата препорака“, изјави европретставникот.
Тој посочи дека ЕК нема да се меша во прашањето за името, кое се решава со посредство на ОН, а дали потоа Грција ќе го спречи ефективниот старт на преговорите е прашање за кое не е надлежно европското извршно тело./крај/дн/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.