Свет
Норвешката полиција се сомнева во двајца напаѓачи
Норвешката полиција претпоставува дека напаѓачот кој во петокот по експлозијата во центарот на престолнината Осло нападна камп на лабуристичката младина на островот Утеија, имал најмалку еден помагач, пренесува Норвешкото телеграфско биро (NBT) повикувајќи се на државната телевизија HPK.
Норвешката полиција претпоставува дека напаѓачот кој во петокот по експлозијата во центарот на престолнината Осло нападна камп на лабуристичката младина на островот Утеија, имал најмалку еден помагач, пренесува Норвешкото телеграфско биро (NBT) повикувајќи се на државната телевизија HPK.„Младите луѓе со кои контактираа новинарите на HPK во петокот навечер, раскажаа дека имало двајца напаѓачи а не еден, како што се претпоставува“, се пренесува во цитираната информација. Норвешката полиција во моментов се обидува да дознае дали 32-годишниот Андерс Беринг Брејвик, идентификуван како приврзаник на крајната десница и христијански фундаменталист, кој е обвинет за масакрот во кампот на островот Утеија, или имал соучесник или, пак, работел сам. „Ние работиме со жестоко темпо. Неопходно е што поскоро да се дознае дали имало и втор терорист“, изјави за новинарите полицискиот инспектор Еинар Аас. Според очевидци, вториот сторителот не бил облечен во полициска униформа, како Брејвик.Двоен напад кој е карактеризиран од властите како терористички акт ја потресе Норвешка во петокот навечер. Прво одекна експлозијата во комплексот згради во центарот на Осло, во кој се сместени Кабинетот на премиерот и три министерства, во којашто според полицијата, седум луѓе загинаа а најмалку 19 се повредени. Норвешкиот премиер, лидер на Лабуристичката партија, Јенс Столтенберг, како и други државни службеници не беа повредени. Неколку часа подоцна маж облечен во полициска униформа отвори оган во младински камп на островот во близина на норвешката престолнина, убивајќи вкупно 84 млади луѓе.Норвешките власти попладнево соопштија дека од двата напада во болницата „Улевол“ во Осло се хоспитализирани околу 30 луѓе со тешки повреди. Од нив 20 лица се во критична состојба, изјавил за весникот Aftenposten, претставникот на болницата, Пол Аксел Нис. /крај/нбт/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска: ЕУ треба да ги разгледа сите опции поради царинските закани на Трамп
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.
Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата, пренесува Танјуг.
Свет
„Престанете да го смирувате тиранинот од Вашингтон“: Kаламар порача Европа да се спротивстави на Трамп
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему, како и на другите „тирани“ кои се решени да го уништат редот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави денес генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар.
„Ни треба многу посилен отпор“, рече Каламар во интервју за АФП на маргините на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека „кредибилитетот на Европа е во прашање“.
Каламар ги повика европските влади да покажат поголема „храброст“ и да знаат како да „кажат не“.
„Тие мора да престанат да веруваат дека можат да преговараат со тирани, мора да престанат да мислат дека можат да ги прифатат правилата на предаторите без да станат нивни жртви. Ова мора да престане“, рече Каламар, пренесува Хина.
Каламар оцени дека европските лидери минатата година воделе политика на смирување.
„Се обидовме да го смириме тиранинот, предаторот кој живее во Вашингтон и тоа нè доведе кон сè повеќе напади и сè повеќе закани“, рече таа.
Таа потсети дека европскиот проект не е само економски, туку се темели и на вредности и владеење на правото, и изрази надеж дека европските лидери ќе ги искористат сегашните предизвици како можност за повторно потврдување на европскиот проект.
„Ова бара напуштање на политиката на смирување“, заклучи таа, и рече дека „едноставно не функционира“, повикувајќи ја Европа да „се спротивстави“.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.

