Свет
Аларова е да се повтори постапката за "Кермес"
Општина Центар го поддржува барањето да се повтори постапката за издавање градежна дозвола за објект “Кермес” во градскиот парк во Скопје.
ОТКАКО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ПОБАРА ПОНИШТУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНАТА ДОЗВОЛА
Општина Центар го поддржува барањето да се повтори постапката за издавање градежна дозвола за објект “Кермес” во градскиот парк во Скопје.
“По увидот на целокупните материјали по кои е издадено одобрението за градба, констатирано е дека не се почитувани параметрите за спроведување на планот во делот за уредување на просторот за објектот Кермес, кој се третира во рамките на оформена урбанистичка парцела”, се вели во рекацијата на Општина Центар, откако Комисијата за спречување на корупција завчера побара поништување на одобрението за градба и кривични пријави за повеќе службеници од Општина Центар, Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.
Комисијата за спречување на корупцијата вчера до Јавното обвинителство ја испратило иницијативата во која се бара да покрене кривична постапка против службениците од Министерството за транспорт и врски, од Општина Центар и од Градот Скопје, со образложение дека одобрението за градба за Кермес било издадено спротивно на Генералниот урбанистички план за Скопје, и спротивно на законите за просторно и урбанистичко планирање и за заштита на спомениците на културата. Антикорупциската комисија побарала да се поништи одобрението за градба и да се забранат какви било градежни работи на Кермес до расчистување на случајот.
Според комисијата во случајот Кермес злоупотребата била направена лани во јули, кога Деталниот урбанистички план за Градски парк, бил донесен спротивно на одредбите во Генералниот урбанистички план за Скопје, спротивно на нормативите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за нормативи и стандарди за уредување на просторот и Законот за заштита на споменици на културата.
“Со деталниот урбанистички план на општината Центар за Градскиот парк, објектот бил неколку пати зголемен со целосно изменета положба и тоа од постојната површина од 420 квадратни метри на 3150 квадратни метри и во висина од 4,6 метри на 7,9 метри и 3 метри поткровје или вкупно 10,90 метри”, се вели во извештајот на антикорупциската комисија.
Според комисијата и главниот архитект на Скопје го пречекорил овластувањата, бидејќи во јануари годинава дал согласност на идејниот проект за изградба на “Кермес.
Овој детален план е изработен во време на Мирослав Грчев, но конкретните измени на планот според кои е издадена дозволата за градба се донесени за време на минатиот мандат на градоначалничката на Центар Виолета Аларова. Планот е усвоен од минатиот состав на Советот на општина Центар, каде мнозинство имаше СДСМ. Во тоа време раководител на подрачната единица на Министерството за транспорт и врски во Центар беше Ратка Марковиќ, а главен градски архитект беше Зоран Тониќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

