Uncategorized
Најцрна година за новинарите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/fdb1dcaf-50de-4c23-9f5a-164fe4a12a8b.jpeg)
Најмалку 171 новинари загинале во светот од почетокот на оваа година, која е најкрвава во историјата за вработените во медиумите, соопшти денеска Меѓународниот Институт за безбедност на новинарите.
Најмалку 171 новинари загинале во светот од почетокот на оваа година, која е најкрвава во историјата за вработените во медиумите, соопшти денеска Меѓународниот Институт за безбедност на новинарите.
Според статистиката на Институтот со седиште во Брисел, од 1 јануари 2007 година, животот го загубиле 148 новинари и 28 лица од техничкиот персонал, како преведувачи, сниматели, фоторепортери и слично.
Од вкупната бројка, 121 новинари биле убиени поради работната задача која ја извршувале, 15 настрадале при киднапирање или во престрелка, 34 во авионски или сообраќајни несреќи, додека околностите на еден смртен случај не се докрај разјаснети.
Најмногу, 64, загинале во Ирак, а бројката на настрадани новинари од почетокот на војната во оваа земја во 2003 се искачи на 235.
Минатата година на различни локации во светот загинаа 168 новинари.
/крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);