Спорт
Американски магнат ќе го купи ФК Бари

Бари би можел да стане единствениот тим во италијанската Серија А кој е во сопственост на странски инвеститор.
Американскиот магнат за недвижнини Тимоти Бартон (46) е моментално новиот потенцијален сопственик на Фк Бари. Тој според пишувањата на италијанските весници веќе го потпишал преелиминарниот договор за превземање на клубот целосно во негова контрола, а тоа го чинело околу 25 милиони евра. „Многу е возбудливо. Се надевам дека ова ќе биде почетокот на многуте промени во Серија А.„ изјави Бартон. Тој исто така не ја исклучи можноста да го купи и стадионот на Бари, Сан Никола кој е дизајниран од познатиот италијански архитект Рензо Пијано за Светскиот куп во 1990 година. „ Нашата цел ќе биде да останеме во Серија А и да создадеме силен тим, за да не се уназадуваме, сепак големите клубови не треба да стравуваат за местото на табелата. Барем не оваа година.“ рече Бартон.За разлика од Англија на пример каде што многу англиски клубови имаат странски сопстеници како на пример Челзи, Манчестер Јунајтед или Ливерпул, во Италија работата е многу поинаква. Бартон верува декавоИталија може сето тоа да се промени, по лошиот финансиски менаџмент на клубовите како Наполи и Фиорентина кои беа приморани да се вратат во понизок ранг по банкротот од пред неколку години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Манчестер јунајтед имаше шанса но не успеа да ја спаси сезоната. Во средата, Јунајтед доживеа пораз од Тотенхем (0:1) во финалето во Лига Европа. Тотенхем го освои трофејот и избори пласман во Лигата на шампионите, а Јунајтед ја комплетира најлошата сезона во последните 50 години.
Ремонт и тоа целосен. Ова му претсоти на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Наводно сите, со исклучок на капитенот Бруно Фернандеш, сите се на продажба.
Проблемот може да биде нешто друго. Фернандеш е желба на многу други клубови, меѓу кои и на богатиот Ал-Хилал.
Овој клуб е подготвен да плати за услугите на Португалецот и воедно да му понуди голема плата. Информациите од Англија говорат дека Фернандеш ја одбил понудата.
Самиот по финалето изјави дека ќе замине само во случај тоа клупските челници да го побараат.
Желбата на Ал Хилал беше да го доведе Фернандеш пред Светското клупско првенство, каде што саудискиот тим има големи амбиции.
Што се однесува до другите играчи на Јунајтед, сите се на продажба. Останува да се види дали ќе има интерес по разочарувачката сезона.
Спорт
Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Извор/ rkalkaloid.mk
Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп. В недела, Алкалоид ќе го пречека АЕК во финалниот реванш. Натпреварот ракометарите на Алкалоид ќе го запопнат со предност од четири гола, минатата недела во Атина го добија првиот натпревар со 29:25.
„Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и за целокупниот македонски ракомет. Одигравме одличен натпревар во Грција, слободно можам да кажам резултатски и неочекуван. Имаме одлични „плус четири“, момците беа на висина на задачата, тоа што го договаравме го исполнија и со голема предност влегуваме во реваншот.
Од една страна секогаш сум претпазлив знаејќи го нашиот менталитет, ако се знае дека дури 19 играчи од нашиот ростер се Македонци… но од друга страна чувствувајќи ја атмосферата на два дена до натпреварот, треба малку порелаксирано да влеземе во реваншот. Мораме да уживаме… како играч имам одиграно многу финалиња и повеќе ги имам загубено отколку победено (говорам за финалиња од ЛШ), мислам дека тоа искуство ми е драгоцено за да ја подготвиме соодветно екипата. Не сакам играчите да бидат под никаков притисок, не се сомневам дека в недела ќе го дадат најдоброто од нив.
Нашиот систем функционира, имаме и одредени слабости, не сакам да се навраќам дека ни недостигаат четири до пет важни играчи во вториот дел од полусезоната. Се надевам дека особено младите играчи нема да бидат премногу импресионирани и дека ќе знаеме да се справиме со тој позитивен притисок“, рече тренерот на Алкалод, Кирил Лазаров.
На новинарите им се обрати и еден од хероите на победата во Атина, голманот Иван Галевски. 20-годишникот е еден од хероите на победата во Атина, во вториот дел успеа да одбрани пет од шестте седмерци.
„АЕК е една искусна и доста квалитетна екипа, со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме плус четири, нема да биде воопшто лесно, затоа што знаеме каква екипа доаѓа во Скопје. Имаме позитива која ја немавме на гостински терен, тоа е нашата публика. Знам дека ако сме добри, ако го спроведеме тоа што ни кажува тренерот, можеме да се радуваме и да освоиме европски трофеј што не е мала работа за нас, за клуб кој постои четири години.“
Натпреварот ќе се одигра в недела, во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20:30 часот.
Спорт
Реал и Анчелоти го потврдија крајот на соработката

Реал Мадрид и тренерот на тимот, Карло Анчелоти, го официјализираа крајот на повеќе од плодната четиригодишна соработка.
Италијанскиот стратег ја напушта клупата на „Кралскиот клуб“ откако освои два трофеи во сезона која, на крајот, кога ќе се повлече линијата, сепак беше неуспешна за Мадрид.
Анчелоти ги донесе трофеите од Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп во сезоната 2024/2025. Сепак, неговиот биланс во два мандата на клупата на Реал е импресивен, 15 трофеи во шест сезони (352 натпревари).
Реал Мадрид беше под негова палка во периодот од 2013 до 2015 година и од 2021 до 2025 година. освои три титули во Лигата на шампионите, две Светски клупски првенства, три Европски Суперкупа, еден Интерконтинентален куп и по два трофеи во Ла Лига, Кралскиот куп и Шпанскиот Суперкуп.
Следниот предизвик на Анчелоти е репрезентацијата на Бразил. Чаби Алонсо ќе го замени на клупата на Реал.
Ден претходно, Реал се збогува со уште една легенда, Лука Модриќ, кој стави крај на својот 12-годишен престој во најголемиот клуб во светот.
Заедно со Зинедин Зидан, Анчелоти му донесе на Реал најмногу европски титули, три, и е трет во историјата на клубот со две титули во Ла Лига, колку што имаат Фабио Капело, Милјан Милјаниќ, Хозе Виљалонга, Висенте дел Боске и Зидан.
Во петокот, Карло Анчелоти го објави своето емотивно збогување со Реал, ставајќи крај на уште едно поглавје во неговата брилијантна кариера.
„Денес повторно се разделуваме. Уште еднаш, го носам во срцето секој момент од овој прекрасен втор мандат како менаџер на Реал Мадрид. Беа незаборавни години, неверојатно патување исполнето со емоции, титули и, пред сè, гордост што го претставував овој клуб.
Благодарност до претседателот Флорентино Перез, клубот, моите играчи, мојот персонал и, пред сè, оваа единствена база на навивачи кои отсекогаш ме правеле да се чувствувам како еден од нив.
Она што го постигнавме заедно ќе остане засекогаш во сеќавањето на навивачите на Реал Мадрид, не само поради триумфите, туку и поради начинот на кој ги постигнавме. Магичните ноќи на Бернабеу сега се дел од фудбалската историја. Сега започнува нова авантура, но мојата врска со Реал Мадрид е вечна.“
Анчелоти ќе седи на клупата за последен пат за време на викендот во последното коло од лигата против Реал Сосиедад.