Свет
Поплави во Мексико, 29 загинати

При лизгање на земјиштето во централно Мексико загинале 11 лица, а бројот на загинати во несезонските бури што неделава ја зафатија земјата се искачи на 18 лица
Обилните дождови предизвикале лизгање земјиштето, при што голема маса кал и карпи паднале врз автопат. Во вчерашната несреќа загинале десет мажи и една жена, а најмалку 20 други лица се пријавени за исчезнати.Врнежите, ретка појава за сувиот зимскиот период во Мексико, ги прелеале реките и во државата Мичоачан, каде најмалку 16 луѓе, меѓу кои три деца, загинале во средата и четвртокот.Властите на Мичоачан соопштиле дека неколкумина се исчезнати, а најмалку 2.000 домови биле оштетени.Две деца загинале во државата Гванахуато
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руте: Мора да направиме повеќе, незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е незамисливо Русија да го надмине западниот воен сојуз во областа на военото производство, објавува агенцијата dpa и потсетува дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок на трошоците за одбрана.
„Мора да направиме повеќе. Едноставно е незамисливо Русија, чија економија е 25 пати помала од НАТО, да нè престигне во производство и вооружување“, рече шефот на НАТО пред важниот самит во Хаг.
„Мора да трошиме повеќе за да спречиме војна. Мора да ја добиеме оваа нова војна во производството“, нагласи Руте.
Според него, постои целосна посветеност од американскиот претседател Доналд Трамп и високото американско раководство во НАТО. Додаде дека, сепак, таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбрана.
Лидерите на 32-те членки на НАТО се собираат денес и утре на историски самит во Хаг, каде што се очекува да потврдат зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.
Членовите на Алијансата неодамна се согласија за нови цели поврзани со зајакнување на одбранбените капацитети, односно најголемото вооружување од Студената војна, за да се издржи евентуален напад од Русија. Русија, која е во војна со Украина повеќе од три години, значително го зголеми военото производство, што предизвика стравувања дека би можела да одлучи да нападне територија на НАТО за неколку години.
Свет
Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Израелската војска соопшти дека сите региони во земјата се вратиле на нормални активности без ограничувања од 20 часот (19:00 часот по локално време).
„По проценката на ситуацијата и одобрението од министерот за одбрана Израел Кац, беше одлучено дека промените во одбранбените упатства на Командата на домашниот фронт ќе бидат спроведени веднаш, со почеток во 20 часот“, се вели во соопштението.
„Како дел од промените, сите области во земјата ќе продолжат со нормални активности без ограничувања.“
Се вели дека заедниците во близина на Појасот Газа „остануваат предмет на упатствата на Јужната команда“.
Ваквата одлука доаѓа по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран: Подготвени сме да ги решиме разликите со Америка

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, изјави дека Техеран е подготвен да ги реши разликите со САД врз основа на меѓународни рамки.
Според официјалната иранска новинска агенција ИРНА, како што пренесува „Ројтерс“, Песекијан ја даде изјавата за време на телефонски разговор со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман.
Во меѓувреме, началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека армијата е „на крајот од значајно поглавје, но кампањата против Иран не е завршена“, објави „Ројтерс“.
Замир рече дека моменталниот фокус на армијата е враќање во Газа за враќање на израелските заложници и „демонтирање на владеењето на Хамас“.
По веста за прекин на огнот, ирачкиот воздушен простор е повторно отворен за меѓународни пристигнувања и заминувања до и од Техеран.