Свет
Наоми Кемпбел потврди дека добила од „крвавите дијаманти“

Супер моделот Наоми Кемпбел пред Трибуналот за воени злосторства потврди дека од поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор, добила неколку од таканаречените „крвави дијаманти“.
Супер моделот Наоми Кемпбел пред Трибуналот за воени злосторства потврди дека од поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор, добила неколку од таканаречените „крвави дијаманти“.
Кемпбел била испрашувана во врска со тврдењата дека Тејлор во 1997 година и подарил неколку дијаманти.Обвинителите во Хаг сметаат дека нејзиното сведочење може да помогне за да се докаже дека претседателот Тејлор со продажба на тие дијаманти ја финансирал граѓанската војна во Сиера Леоне.
Тој ги отфрли обвинувањата и изјави дека никогаш не продавал ниту разменувал дијаманти за оружје.Атрактивната манекенка во четвртокот со мало задоцнување пристигнала во судот во Хаг, се заколнала пред Библијата и почнала да раскажува што доживеала пред 13 години , пренесува Би-Би-Си.
„Видов неколку од камењата, беа многу мали, изгледаа валкано“, додавајќи дека не знае од каде е нивното потекло.Кога обвинителите ја прашале од каде знае дека станувало збор за дијаманти, таа одговорила дека не знаела, бидејќи биле спакувани во кутија за накит.
Целата приказна дека наводно на црномурестата манекенка и биле дадени вакви скапоцени камења, во јавноста ја изнесе актерката Миа Фароу. Актерката Фароу тврдеше дека дијамантите на Кемпбел и биле подарени на една вечера што ја организирал поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела. По ваквите наводи, Наоми Кемпбел изјавуваше дека дијамантите ги подарила во Детскиот фонд на Нелсон Мандела, но овие тврдења организацијата ги демантираше.
Крвавите дијаманти се ископуваат во подрачја што ги контролираат либериските бунтовници, а се користат за финансирање на нивното насилство./крај/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.