Македонија
Вранишковски останува во затвор
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА,Зоран Вранишковски останува во затворот во Идризово, па скопска Апелација ќе одлучува дали ќе има ново судење или Јован останува во затвор две и пол години, јавува велешкиот портал „Лисица“.
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА,Зоран Вранишковски останува во затворот во Идризово, па скопска Апелација ќе одлучува дали ќе има ново судење или Јован останува во затвор две и пол години, јавува велешкиот портал „Лисица“.Јавното обвинителство денеска ја обжали до Апелација минатонеделната одлука на Основниот суд во Велес за повторување на судскиот процес во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250 илјади евра, пари земени од црквите и манастирите од Повардарската, Брегалничката и Пелагониско –преспанската епархија.Точно пред една година основниот суд во Велес , Зоран Вранишковски го прогласи за виновен и му изрече затворска казна во времетраење од две и пол години.Вранишковски минатата недела, користејќи го законското право побара за делото повторно да му се суди, тврдејки дека ќе ја подготви својата одбрана и на секое рочиште ќе се појавува во судницата.За познавачите на случајот интересна е најавата на Вранишковски за составување на неговата одбрана. Велат дека ниту еден адвокатски тим неможе да најде законско алиби за огромната сума на потроишени пари за џипови, скапи подароци, исплата на високи наемнини за стан во Солун.Вранишковски досега има одлежано две судски пресуди во затвор. Едната на битолскиот основен суд кога беше прогласен за воновен за ширење на верска омраза и една од велешкиот основен суд за затајување на 57 илјади евра, средства кои ги донираше Трифун Костовски, а беа наменети за реновирање на црквата Свети Пантелејмон. /крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Среде грејна сезона во РЕК „Битола“ не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи
Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски. Средe грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови. Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен. Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен, велат од СДСМ.
„Мицкоски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони но, спротивно на тоа Багерот КУ 300 кој е главен во ископот на јаглен неколку дена не работи. Багерот бил во подрачје каде што нема можност да ископува јаглен (ставен во кал) поради незнаење или намерно саботирање, а и настанал дефект на клучен мотор“, велат од партијата и додаваат:
„Изјавите дека вчера го исклучиле Блок заради воден јаглен се приказни за мали деца и воопшто не се точни. Вчера беше исклучен Блок бидејќи нема јаглен и тоа е вистинската причина. На депонијата за јаглен има само 40 илјади тони што е доволно само за два дена ако работат сите три блока, па сега лесно може да се заклучи зошто работи само со еден блок во РЕК.Енергетскиот систем е клекнат на колена. Срамно и тажно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола“.
Македонија
Губитничките партии на „Влен“, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Веб-страницата на СДС, исто како и неговата политика, е преполна со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.