Економија
Низок прометот на берзата

Промет во износ од 5.323.255,08 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 3.758.571,08 денари на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.564.684,00 денари.
Промет во износ од 5.323.255,08 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 3.758.571,08 денари на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.564.684,00 денари.Индексот МБИ10 денес се намали за 0,13% и изнесуваше 2.227,46 поени. МБИД се намали за 0,30% и изнесуваше 2.370,77 поени, а ОМБ се зголеми за 0,35% и изнесуваше од 118,17 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 1.927.675,00 денари по просечна цена од 3.035,71 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Стопанска банка АД Битола со која беше остварен 399.000,00 денари промет по просечна цена од 2.100,00 денари.Трета беше акцијата на Фершпед АД Скопје со остварени 315.000,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 45.000,00 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М петта емисија .Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 92,50% и беа остварени 211.288,76 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Раде Кончар АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 1.440.000,00 денари, по просечна цена од 1.800,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Раде Кончар АД Скопје3. Стопанска банка АД Битола4. Фершпед АД Скопје5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. РЖ Услуги АД Скопје 2,83%2. Макстил АД Скопје 2,62%3. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија 1,10%4. Обврзница за денационализација на Р.М петта емисија 1,09%5. Топлификација АД Скопје 0,75%Хартии од вредност со најголем пад1. Раде Кончар АД Скопје 2,70%2. Комерцијална банка АД Скопје 2,00%3. Алкалоид АД Скопје 0,02%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Алкалоид“ одбележа половина век информатичка технологија: пред 50 години почна со работа култниот компјутерски центар

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series:
„Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.
Овие мини компјутери, кои тежеле 186, односно 227 килограми, ги чувале податоците на магнетни дискови со 40 патеки и со капацитет од 1280 збора (64 бита од збор). Како периферни единици се користеле читачот и дупчалката на книжната лента (punch card), коjа денес стои меѓу експонатите во Музејот на „Алкалоид“.
Некогашниот Компјутерски центар, како култен институционален облик, претставува крвоток на сите деловни операции на „Алкалоид“ АД Скопје во земјава и надвор. На симболичното одбележување на петдеценискиот јубилеј, сегашните вработени во Центарот за информатичка технологија и телекомуникации „Трајче Мукаетов“ ги поканија пензионираните извршители кои биле дел од овој сегмент од неговото основање, оддавајќи им почит за заложбите.
Во јули 2007 година „Алкалоид“ беше меѓу првите македонски компании кои самостојно го воведоа системот САП/ЕРП. Имплементирани и во фаза на имплементација се најразлични системи и напредни алатки за анализа на податоци, меѓу кои: DMS (Document Management System), BMS (Building Management System), CRM (Customer Relationship Management), CDS (Chromatography Data Systems), LIMS (Laboratory Information Management System), MES (Manufacturing Execution System), DAS (Document Approval System).
Во делот на дигитализацијата во фокусот останува постојаното вложување во технологии кои овозможуваат зголемена ефикасност, побрзо донесување одлуки и поголема прецизност во секој аспект од работењето. Овој холистички пристап спрема дигитализацијата ја прави компанијата пофлексибилна и поспособна да одговори на динамичните потреби на глобалниот пазар, создавајќи основа за долгорочен раст и за зголемено ниво на конкурентност.
(ПР)
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата Weiheng, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на Bloomberg.
Асортиманот на производи на Weiheng вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани.
Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до 5 MW, како и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност.
Во наредниот период, Фероинвест со Weiheng ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,клуч на рака” од страна на Фероинвест.
Високи претставници на Фероинвест и на Weiheng во моментот се присутни на престижниот саем KEY – The Energy Transition Expo во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.
ПР текст
Економија
Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша што ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.
„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Дмитриевскса Кочоска и додаде:
„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.
Поради големиот интерес од компаниите, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека добил инспирација Владата да обезбеди уште „евтини пари“ како оние од унгарскиот кредит оти, како што рече, „бизнисот е гладен“.