Спорт
Батиста состави супертим за Копа Америка

Селекторот на Аргентина за претстојното првенство на Јужна Америка ќе ги има на располагање сите ѕвезди и ќе има селекција за стравопочит
Аргентина со оглед дека ќе биде домаќин на шампионатот и дека во тимот ќе ги има Меси, Тевез, Ди Марија, Игуаин, Агуера, Милито, Маскерано ќе биде најголем фаворит за освојување на титулата. Батиста ќе настапи со следниот состав:Голмани: Серхи Ромеро (Аз Алкмар), Хуан Пабло Каризо (Ривер Плата) и Маријано Андухар (Катанија).Одбрана: Габриел Милито (Барселона), Езекиел Гарај (Реал), Николас Бурдисо (Рома), Хавиер Занети (Интер), Николас Пареха (Спартак М.), Маркос Рохо (Спартак М.), Пабло Забалета (Манчестер Сити), Фабијан Монзон (Бока Јуниорс).Среден ред: Хавиер Маскерано (Барселона), Лукас Билија (Андерлехт), Евер Банега (Валенсија), Естебан Камбијасо (Интер), Хавиер Пасторе (Палермо), Диего Валери (Ланус), Фернандо Гаго (Реал), Енцо Перез (Естудијантес де Ла Плата).Напад: Лионел Меси (Барселона), Анхел Ди Мариа (Реал), Гонзало Игуаин (Реал), Серхи Агуеро (Атлетико), Езекиел Лавеци (Наполи), Карлос Тевез (Манчестер Сити), Диего Милито (Интер).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Усик и Дубоа се измерија пред борбата: не ги тргнаа очите еден од друг

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик, ќе ги брани своите појаси на 19 јули. Потоа ќе се бори на Вембли со локалниот борец Даниел Дубоа, човек кого веќе го победи еднаш со нокаут, во август 2023 година. Усик има 23 победи во кариерата од исто толку борби.
Во првата борба беа во прашање светските титули во тешка категорија во WBA, IBF и WBO, а утре влоговите се уште поголеми. Победникот ќе стане апсолутен светски шампион во „кралската“ категорија. Доколку Усик победи, тој ќе ги обедини сите четири појаси во тешка категорија по втор пат во кариерата, додека Дубоа сè уште не постигнал ништо слично и се соочува со борбата на својата кариера.
𝐔𝐧𝐝𝐢𝐬𝐩𝐮𝐭𝐞𝐝 Heavyweight Supremacy 👑
🇺🇦 Oleksandr Usyk vs. Daniel Dubois 🇬🇧
🎟 Buy Usyk vs Dubois 2 NOW HERE –> https://t.co/FoiaUucafv#UsykDubois2 | July 19 | Live exclusively on DAZN pic.twitter.com/SUcmgsrTDL
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) July 18, 2025
Денес, боксерите стапнаа на вагата и го имаа своето последно соочување пред утрешниот судир. Дубоа тежеше 110,59 килограми, додека Олександр Усик беше значително полесен на вагата, но потежок од кога било досега, при што најдобриот светски боксер во тешка категорија тежеше 103,1 килограми. За споредба, кога се мереа за борбата пред две години, Усик тежеше 100 килограми, а Дубоа 106 килограми.
Тие го имаа и своето последно соочување пред борбата. Повторно беше напнато и не ги тргнаа очите еден од друг.
Спорт
Европски младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 во Скопје и Куманово: ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји

Најголемиот младински спортски настан во Европа, кој ги поврзува учесниците во духот на олимпизмот, пријателството, меѓусебната почит и поддршка, ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска), од 20 до 26 јули 2025 година.
На традиционалниот престижен олимписки фестивал ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери и тимови за поддршка и околу 700 волонтери, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски индивидуални и групни дисциплини: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, маунтајн бајк, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадмингтон, стрелаштво, кајак слалом, теквондо и пинг – понг.
Претстојната манифестација беше повод за денешната прес – конференција во Општина Куманово, еден од градовите домаќини на спорсткиот собир, на која присуствуваа раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, директорот на ЈП Куманово паркинг – Куманово, Андреја Маџовски и претставници од EYOF.
Спорт
Французите отворија истрага против Мбапе за наводни лажни плаќања
Француското јавно обвинителство почна истрага за потенцијално сомнителни плаќања извршени од францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, до пет полицајци одговорни за безбедноста на француската фудбалска репрезентација.
Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која пријави необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци, пренесoa француските медиуми.
„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, кусо соопшти јавното обвинителство.
Според францускиот неделник „Ле Канар Еншен“, Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „некниговодствено“ за приватни услуги.
Набрзо следеше соопштение од неговиот тим, во кое се наведува дека сè е направено во согласност со правилата. Тие додаваат дека Мбапе отсекогаш ги донирал сите свои бонуси што ги добивал за настапи во францускиот дрес, а тоа го сторил и по Светското првенство во 2022 година кога парите отишле во хуманитарни организации и безбедносен персонал што ја придружувал репрезентацијата.
Фото: Принтскрин