Спорт
Јакубу со најголемото промашување на СП
Робусниот центарфор на Нигерија Јакубу е новиот фудбалски антихерој, откако синоќа против Јужна Кореја промаши празен гол од три метри.
Робусниот центарфор на Нигерија Јакубу е новиот фудбалски антихерој, откако синоќа против Јужна Кореја промаши празен гол од три метри.
Натпреварот заврши со конечен резултат 2:2, што ја одведе Јужна Кореја во четвртфиналето, додека Нигерија бркаше победа.
Несреќниот напаѓач на Евертон, доби употреблива топка по земја од левата страна, голманот на противникот беше легнат на страна и немоќно гледаше во Јакубу, кој од пред средината на голот успеа да ја упати топката покрај десниот дирек
Промашувањето на Јакуби веќе стана популарен клип на „Ју тјуб“, а многумина го прогласија за најголемо промашување во историјата на Светските првенства.
Останува надежта дека 150 милиони негови сонародници ќе му простат за оваа промашување. Неговиот соиграч Сани Каита призна дека добил смртни закани, поради црвениот картон на натпреварот против Грција. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.