Спорт
Два малера на Портланд во Денвер
Портланд загуби во Пепси центарот од Денвер со 109:90, но покрај поразот му се случи уште еден малер, им се повреди најдобриот на теренот Весли Метјус.Метјус уште во првото полувреме постигна 17 поени за Портланд но го свитка глуждот и беше изнесен од теренот. Бекот на Блејзерси стисна заби и влезе во почетокот на второто полувреме но имаше судар со колената, со противнички играч и повторно беше надвор од игра, за да се обиде уште еднаш во последната четвртина. Најефикасни во Денвер беа Нене Хиларио (22 п. 10 ск.), Кармело Ентони (20 п.) и Чонси Билапс (20 п.). За Портланд најмногу поени постигна Весли Метјус (19 п.) а солидни беа и Луол Алдриџ (18 п. 9 ск.) и Андре Милер (11 п. 10 ас. 6 ск.).Останати резултати:Атланта – Торонто 100:87 (Џо Џонсон 37 п. 8 ас., Џош Смит 18 п. 11 ск., Ал Хорфорд 12 п. 14 ск. / Амир Џонсон 20 п. 14 ск., Хозе Калдерон 11 п. 10 ас.).Њу Џерси – Филаделфија 92:106 (Крис Хемфри 16 п. 7 ск. / Луис Вилијамс 26 п.).Кливленд – Индијана 112:117 (Рамон Сешнс 25 п. 9 ас. / Дарен Колисон 22 п. 9 ас.).Њујорк – Далас 97:113 (Данило Галинари 27 п. / Дирк Новицки 29 п. 11 ск. Тајсон Чендлер 15 п. 11 ск.).Детроит – Шарлот 87:97 (Бен Гордон 20 п. / Сифен Џексон 39 п. 5 ск. Квејн Браун 14 п. 10 ск.).Оклахома Сити – Њу Орлеанс 104:93 (Кевин Дурант 43 п. 10 ск. / Дејвид Вест 20 п. 15 ск.).Минесота – Мемфис 84:102 (Мајкл Бисли 19 п., Кевин Лав 10 п. 10 ск. / Зек Рендолф 23 п. 13 ск.).Феникс – Милвоки 92:77 (Марцин Гортат 19 п. 11 ск. Ченинг Фрај 14 п. 13 ск. / Кори Магет 15 п. 8 ск.).Јута – Хјустон 96:97 (Ал Џеферсон 20 п. 12 ск. Пол Милсап 20 п. 11 ск. / Кевин Мартин 22 п. Чак Хејс 13 п 12 ск.).Л.А. Клиперс – Чикаго 88:106 (Блејк Грифин 32 п. 13 ск. 7 ас. / Дерик Роуз 32 п. 11 ас.). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

