Контакт

Економија

Русија и Грузија повторно не се договорија за СТО

Објавено пред

Русија не успеа денеска да ја отстрани и последната пречка за зачленување во Светската трговска организација (СТО), откако Грузија и на втората рунда преговори одби да го одобри приемот на Москва, јавуваат руските медиуми

dobivaj vesti na viber

Русија не успеа денеска да ја отстрани и последната пречка за зачленување во Светската трговска организација (СТО), откако Грузија и на втората рунда преговори одби да го одобри приемот на Москва, јавуваат руските медиуми Се очекува третата рунда помеѓу двете земји да се одржи кон крајот на мај.„Ние се уште инсистираме на легализација на грузиските царински испостави на границите на Абхазија и на Јужна Осетија. Русија засега одбива да ги прифати нашите барања. Единственото нешто за коешто се договоривме е да одржиме трета рунда на преговори во мај“, изјави портпаролот на грузискиот премиер, Нико Мчедишвили.Односите помеѓу Русија и Грузија значително се влошија по петдневната војна помеѓу двете поранешни советски републики во август 2008 година, која започна кога Грузија се обиде да ги поврати двете отцепени територии Абхазија и Јужна Осетија. Двете територии се населени исклучиво со руско население и се отцепија од централната власт во Тбилиси во 1993 година, по распадот на СССР. Русија ја призна независноста на двете територии веднаш по конфликтот во 2008 година. Грузискиот заменик-министер за надворешни работи, Нино Каландаѕе по првата рунда преговори во април тврдеше дека Москва за прв пат се согласила да се дискутира за деталите и техничките можности за воспоставување на грузиска царинска контрола на премините на реката Псоу во Абхазија и во тунелот Рокски во Јужна Осетија. И Москва и Тбилиси одбиваат да зборуваат за деталите од преговорите. Руски дипломатски извор за весникот „Комерсант“ изјавил дека двете страни дискутираат за шема според која би се одбегнало присуството на грузиски цариници на спорните премини, а истовремено Тбилиси би добивал информации за стоката која би минувала низ двете отцепени територии. Според грузиски дипломатски извори, пак, единствен прифатлив компромис за Грузија е присуство на претставници на Европската унија на граничните премини. Русија, Абхазија и Јужна Осетија неколку пати повторија дека таа опција е неприфатлива за нив. Русија веќе 17 години преговара за прием во светската организација со 153 членки и е единствената голема економија која не е членка на СТО. /крај/риа/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка

Објавено пред

Во Вашингтон, за време на Годишните средби на ММФ и Светската банка, гувернерот Трајко Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, го потпиша Писмото на намери со гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, врз основа на кое Банката на Италија ќе развие клон на ТИПС (англ. Target Instant Payment Settlement) за овие пет земји од Западен Балкан, согласно одлуката на Управниот совет на Европската централна банка.

dobivaj vesti na viber

Вклучувањето на Народната банка во овој регионален проект е во согласност со акцискиот план на владите на земјите од Западен Балкан за воспоставување Заеднички регионален пазар, којшто меѓу другото вклучува модернизација на платните системи и нивно регионално поврзување и интегрирање со ТИПС на Европската централна банка (ЕЦБ). Преку ТИПС, давателите на платежните услуги им овозможуваат на граѓаните и на компаниите во Европската Унија брз пренос на парични средства во евра, во кое било време во текот на денот, за викенди и празници.

Гувернерот Славески истакна дека со овој чекор се официјализира почетокот на воспоставувањето современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзино регионално поврзување со земјите од Западен Балкан, како и со инфраструктурата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Клонот на ТИПС, развиен со поддршка на ЕЦБ, ќе овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата. Со неговата примена, граѓаните и компаниите ќе можат да вршат брзи, сигурни и поевтини трансакции, според стандардите на Европската Унија.

„Воспоставувањето платен систем за инстант плаќања, клон на ТИПС, носи голем број придобивки за економијата. Плаќањата ќе се порамнуваат многу бргу имајќи предвид дека 99% од нив би се обработиле во рок од 5 секунди, додека останатиот 1% во рок од 10 секунди. Народната банка ќе овозможи решенија со чија помош граѓаните ќе може да иницираат плаќања на едноставен начин и ќе можат со внесување на бројот на мобилниот телефон на примачот, да извршат пренос на парични средства на друго лице чија платежна сметка не ја знаат однапред. Овие решенија ќе овозможат ефикасно иницирање плаќања на физичките и на виртуелните продажни места без користење платежни картички, што ќе им овозможи на трговците да ги примат паричните средства во рок од неколку секунди и да располагаат со нив веднаш“, изјави гувернерот Славески, при што посочи дека нашата земја прави важен чекор кон интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот платежен простор.

Клонот на ТИПС е наменет за инстантно извршување домашни плаќања во националните валути на земјите од Западен Балкан, со можност за поврзување со ТИПС за извршување плаќања во евра во СЕПА. Целта е да се обезбеди интероперабилност и единствена платежна мрежа меѓу регионот и ЕУ, што ќе го олесни движењето на капиталот и трговијата.

Оператори на платните системи за инстант плаќања ќе бидат централните банки, со тоа што информациските системи на давателите на платежните услуги во земјава ќе бидат приспособени кон барањата и стандардите на клонот на ТИПС, при што техничката инфраструктура е обезбедена од Банката на Италија, со што значително ќе се олеснат развојот и одржувањето на инфраструктурата на централните банки од Западен Балкан, соопштуваат од Народната банка.

Прикажи повеќе...

Економија

CNN: Откажувањето на Трамп од електричните возила е голема победа за Кина

Објавено пред

Од

Откако претседателот Доналд Трамп ја укина даночната стимулација од 7.500 долари за купувачите, се очекува продажбата на електрични возила во САД да се намали. Во исто време, продажбата на електрични возила од кинеските конкуренти во остатокот од светот силно расте, пишува CNN.

dobivaj vesti na viber

Пред две години, додека се кандидираше за реизбор, Доналд Трамп ја исмејуваше иницијативата на претседателот Џо Бајден за електрични возила како „измама“ промовирана од „радикални левичарски фашисти, марксисти и комунисти“.

„Во рок од 3 години, сите овие автомобили ќе бидат произведени во Кина“, напиша тој на социјалните медиуми во тоа време. Таа изјава сега звучи повеќе како ветување отколку како предвидување.

Откако се врати на функцијата, Трамп и републиканците во Конгресот го сменија курсот за развој на електрични возила во Америка. Тие го елиминираа даночниот стимул од 7.500 долари што привлекуваше купувачи, го замрзнаа финансирањето за инфраструктура за полнење и ги елиминираа целите за енергетска ефикасност за производителите на автомобили.

Резултатот е повлекување на САД од трката за електрични возила токму кога Кина, нејзиниот главен економски ривал, добива на предност. Со тоа, Кина ја зацврстува својата доминација не само во глобалната продажба на електрични возила, туку и во синџирите на снабдување со батерии и клучните ретки метали што се користат во нивното производство.

Во политички контекст, ставот на Трамп против електричните возила е разбирлив – републиканците долго време се спротивставуваа на стимулациите предводени од демократите, делумно затоа што ги гледаат како закана за нафтената и гасната индустрија. Но, во контекст на трговската војна на Трамп со Кина, логиката на повлекување од електричните возила станува нејасна.

Пакетот за стимулации на Бајден во голема мера беше насочен кон Кина – поттикнувајќи ја изградбата на фабрики за батерии во САД и казнувајќи ги компаниите што не произведуваа доволно во САД.

Според таа логика, Трамп требаше да оди подалеку за да ги охрабри американските производители и потрошувачи да ги прифатат електричните возила. Кога беше прашан за контрадикцијата, портпаролот на Белата куќа рече дека Трамп „ја враќа американската доминација во енергетиката и производството со елиминирање на мачните регулативи што ја задушија енергетската индустрија и враќајќи работни места дома“, како дел од „обврската на администрацијата да обезбеди американските производители на автомобили да играат клучна улога во следната позлатена ера на Америка“.

Во речиси секој друг сектор – од фармацевтската индустрија до вештачката интелигенција до чиповите – Трамп јасно стави до знаење дека сака производство на американска почва.

Имајќи го тоа предвид, би имало смисла Трамп да направи сè што може за да се произведуваат електрични автомобили во САД, особено затоа што многу експерти велат дека сме поблиску до крајот на ерата на бензинот отколку до почетокот.

Во меѓувреме, кинеските производители како BYD и Geely прават силен наплив на странските пазари. Иако овие брендови можеби не им се познати на Американците, тие се сè попопуларни и достапни на пазарите од Источна Азија до Европа и Јужна Америка.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Економија

600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија: потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD)

Објавено пред

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија денес се одржа свечената церемонија на потпишување на Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.

dobivaj vesti na viber

Настанот се одржа во присуство на Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини; Кристоф Ле Ригољер, амбасадор на Франција во Република Северна Македонија; Бурим Љатифи, Генерален директор на МЕПСО; Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International; Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, како и гости од енергетскиот сектор.

Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на системот и подготовка на МЕПСО за растечкиот удел на обновливи извори и интеграцијата на регионалниот пазар.

Проектот е фокусиран на четири клучни области:

· изработка на студии за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES,

· димензионирање на системските резерви,

· воспоставување методологија за пресметка на преносни загуби и изработка на студија за изводливост,

· како и подготовка на концептуален дизајн за дигитализација на трафостаница.

Во рамките на проектот, експерти од RTE International – подружница на францускиот оператор на преносниот систем RTE – веќе одржаа обуки за инженерите на МЕПСО за користење на симулаторот ANTARES, со што се унапредуваат нивните технички и аналитички капацитети за поефикасно управување со системот во сè подинамичен електроенергетски пазар.

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска ја нагласи важноста на ова партнерство за изградба на современ и отпорен енергетски систем:

„Денес го потврдуваме партнерството што го зајакнува нашиот пат кон модерен, сигурен и достапен енергетски систем. Техничката помош од Француската агенција за развој ќе му овозможи на МЕПСО да ја забрза модернизацијата и дигитализацијата на мрежата, да го подобри планирањето и работењето и поефикасно да ја управува променливоста што произлегува од поголемото учество на обновливите извори и динамиката на пазарот. Понапредна и попаметна мрежа значи помалку прекини, подобро искористување на чиста енергија, посилни регионални врски и поголема отпорност на системот – без разлика дали станува збор за временски услови, флуктуации на побарувачката или пазарна нестабилност.“

Генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи, го истакна посветеното ангажирање на компанијата кон техничка извонредност и дисциплина во реализацијата:

Проектот, како што нагласуваат од министерството, ќе продолжи со нови активности за градење капацитети и техничка поддршка, со што ќе се овозможи примена на напредни технологии и аналитички модели за управување со преносниот електроенергетски систем на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија24 минути

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет3 часа

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа3 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа3 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет4 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија11 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија14 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија15 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија16 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија17 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија23 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија24 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија1 ден

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија1 ден

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија1 ден

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија1 ден

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...