Контакт

Свет

Бебе од епрувета само со пари

Објавено пред

Во моментов во Македонија за бебе од епрувета чекаат 800 двојки, кои иако ја имаат потребната докуменатција и ги исполнуваат условите за оваа интервенција, паровите се враќаат од пред докторските кабинети

dobivaj vesti na viber

ВЕШТАЧКОТО ОПЛОДУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА НЕ ФУНКЦИОНИРА

Во моментов во Македонија за бебе од епрувета чекаат 800 двојки, кои иако ја имаат потребната докуменатција и ги исполнуваат условите за оваа интервенција, паровите се враќаат од пред докторските кабинети

Стотици брачни парови не можат да добијат деца, оти со месеци чекаат за вештачко оплодување на Гинеколошката клиника во Скопје. Во моментов во Македонија за бебе од епрувета чекаат 800 двојки.И покрај тоа што ја имаат потребната докуменатција и ги исполнуваат условите за оваа интервенција, паровите се враќаат од пред докторските кабинети. Освен што нема доволно медиуми за оплодување во единствената државна институција каде на државна сметка жените може да бидат подложени на ваков третман, втора причина за ова е што болничките амбуланти се преполни и немаат капацитет за згрижување на сите двојки.

Така, иако имаат закажно термин кај конкретен лекар и се наоѓаат на официјалниот список за "ин витро", жените се враќаат дома без никакво објаснување.

" Без објаснување минатата недела, иако имав закажан термин кај мојот лекар, бев вратена. Со себе ја имав комплетната документација, бидејќи не ми е првпат и точно знам што се ми е потребно. Ова се случува веќе трет месец, а секое враќање е нова траума за мене и мојот сопруг. Ако еднаш го утнеш терминот во месецот, нема можност за втора шанса, оти третманот налага терапијата да се почне да се пие во конкретен ден, по завршување на менструалниот циклус", објаснува 30-годишна жена од Битола, која веќе неколку години се обидува да добие потомство.

Таа вели дека најпогодени се двојките од внатрешноста, кои немаат директен контак со лекарите во Скопје и не знаат кога болницата се снабдува со медиуми, материјал без кој не може да се спроведе процесот на вештачко оплодување.

Лекарите на Гинекологија признаваат дека немаат доволно материјал за работа, колку што имаат побарувачка. Тие тоа го објаснуваат со различниот статус меѓу нив, како државна институција и приватните болници.

"Вештачкото оплодување е работа која неверојатно многу се злоупотребува. Како од државните, така и од приватните лекари, посебно што дел од оние кои работат на Клиника, ординираат и во приватни амбуланти. На тој начин, до бебе од епрувате доаѓаат само оние двојки кои имаат пари од џеб да платат за третманот. Останатите, кои чекаат оплодувањето да го направат на државна сметка само се трупаат и не се стасува сите да се истретираат", објаснуваат од Клиниката за гинекологија во Скопје.

Оттаму велат дека ваквата состојба е резултат на лошата организација и немањето контрола во овој сектор.

"Многу им е лесно на приватните ординации да прават ‘ин витро’, оти никој не ги контролира. Во државна институција тоа мора да помине низ неколку филтри и пред Стручниот колегиум да се изнесат аргументи и резултати.Со ваквиот башибозлук се трошат парите, а двојките не добиваат она што го сакаат – деца", кажуваат вработените на Гинекологија.

Годишно, меѓу 150 до 200 брачни двојки имаа потреба за "ин витро" оплодување. Фондот за здравство овој третман го прифаќа најмногу до три пати и за едно оплодување плаќа 20.000 денари.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Објавено пред

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се сметаат дека извршуваат прекршување кон Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивните врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, што би можело да доведе до кривични обвиненија.

dobivaj vesti na viber

Бил Клинтон беше осуден во Комитетот со 34-8 гласови, а Хилари Клинтон 28-15, при што сите републиканци гласаа за мерките. Следниот чекор е гласањето на целиот Претставнички дом за упатување на случајот до Министерството за правда за можни кривични обвиненија.

Клинтонови тврдат дека судските покани се политички мотивирани и одбиваат да се појават пред одборот, додека Бил Клинтон наводно бил подготвен да сведочи во својата канцеларија во Њујорк, што комитетот го одбил.

Непочитувањето на Конгресот е прекршок казнив со до една година затвор и 100.000 долари. Истрагата на комитетот се однесува на врските на Епштајн со поранешниот претседател и поранешниот државен секретар, додека политичките тензии дополнително се засилија поради соперништвото меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателската трка во 2016 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека Европа и САД повеќе нема да дејствуваат заедно по сите прашања, како што беше случај досега, и дека во одредени ситуации ќе дејствуваат одделно.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за Радио-телевизија Србија (РТС), Вучиќ рече дека е можно и дека во некои околности САД и Европа ќе бидат спротивставени едни на други, нагласувајќи дека е важно што поскоро да се разбере оваа реалност.

„Ова е важна лекција за нас и мора да ја разбереме што поскоро, бидејќи до вчера имавме иста група луѓе кои беа проамерикански или прозападно ориентирани, а во исто време и проевропски. Сега работите ќе бидат поинакви“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е убеден дека „едно историско поглавје е затворено“ и дека од сега па натаму историјата ќе се пишува на поинаков начин.

Коментирајќи ги пораките за Гренланд, Вучиќ рече дека, и покрај дипломатските формулации, она што е кажано не може едноставно да се толкува, додавајќи дека Србија не треба да влегува во такви дискусии.

Вучиќ, исто така, оцени дека Европа во иднина се соочува со бројни, воопшто не лесни чекори, кои ќе бараат сериозни одлуки и прилагодувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“, дипломатските кругови ја разгледуваат опцијата според која САД би добиле суверенитет над помали делови од територијата на Гренланд со цел таму да воспостават воени бази.

dobivaj vesti na viber

Опцијата што се разгледува е САД да не го купат целиот остров, туку да добијат целосен суверенитет над одредени делови од територијата на Гренланд за воени бази. Ова би било слично на статусот што го има Обединетото Кралство над своите бази на Кипар.

Средба во Давос
Трамп го објави договорот на социјалната мрежа Truth Social по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, каде што се одржуваше Светскиот економски форум. Тој напиша дека тој и Руте „ја формирале рамката на иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“, без да даде детали. Додаде дека таквото решение, доколку се спроведе, би било „одлично за САД и сите земји од НАТО“.

Само неколку часа претходно, во говор во Давос, Трамп им рече на европските лидери дека нема да се задоволи со ништо помалку од американска сопственост врз Гренланд, тврдејќи дека тоа е прашање на национална безбедност. Во исто време, тој се обиде да ги ублажи своите пораки велејќи дека САД нема да употребат сила за да ја преземат територијата, но нагласи дека планираат да користат економска и дипломатска моќ за да го „добијат“ Гренланд. Тој повика на „итни преговори“, ги исмеа европските земји како зависни од САД и предупреди дека Данска и другите европски земји би можеле да ги претрпат последиците.

Закани со царини
Тој, исто така, се закани со конкретни мерки. Пред четири дена, Трамп се закани дека ќе воведе високи царини за голем број европски сојузници поради нивната поддршка за статусот на Гренланд како автономна територија на Данска. Но, по средбата со Руте, тој објави дека САД нема да воведат тарифи од 10 проценти за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска од 1 февруари. За време на викендот, тој дури се закани дека ќе ги зголеми тарифите на 25 проценти од 1 јуни.

„Врз основа на тој договор, нема да ги воведувам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, рече Трамп.

Иако не ја објави содржината на договорот, тој изјави дека продолжуваат разговорите за американскиот антиракетен штит, кој делумно ќе биде сместен во Гренланд. Во Давос, тој исто така тврдеше дека договорот ќе биде на сила „засекогаш“.

„Имаме концепт за договор. Мислам дека тоа ќе биде многу добар договор за Соединетите Држави, а и за нив. Малку е сложено, но ќе го објасниме тоа подоцна“, изјави Трамп за CNBC.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Македонија1 час

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија1 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет11 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија16 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија18 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија18 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија19 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија20 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ21 час

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија22 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија22 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија23 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија23 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет1 ден

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа1 ден

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија1 ден

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....