Контакт

Свет

Нов пад на авион на аеромитинг во САД

Објавено пред

Во саботата загина пилот на авион од Втората светска војна кој се урна и запали во текот на аеромитинг во Западна Вирџинија. Ова е втор ваков инцидент во последните 24 часа во САД.

dobivaj vesti na viber

Во саботата загина пилот на авион од Втората светска војна кој се урна и запали во текот на аеромитинг во Западна Вирџинија. Ова е втор ваков инцидент во последните 24 часа во САД.

Ниеден од гледачите не е повреден во овој инцидент кој се случи еден ден откако слична трагдија се одигра во Невада, кога загинаа девет лица а повеќе од 50 се повредени.

Воздухопловната национална гарда на Западна Вирџинија соопшти дека пилотот бил цивил, но не е објавено неговото име, пренесува Associated Press.

Во неделата весникот Chicago Tribune прави хронологија на авионските несреќи коишто се случија за време на 48-годишната историја на аеромитингот во Рино, во кои загинале дваесет пилоти.

Национални натпревари на лесномоторни спортски авиони се одржуваат секоја година на аеродромот во Рино од 1964 година. Во речиси половината век од одржувањето на аеромитингот, се случуваа инциденти, во кои се уриваа авиони во текот на настапот, при што гинеа пилотите, но трагедијата што се случи во петокот по локално време, стана првата во историјата на оваа манифестација во којашто има жртви меѓу гледачите.

Авионот се урна во една од на трибините со гледачи на аеродромот во 16:30 по локално време, во петокот (1,30 во саботата според македонско време). Во неделата, лекарите ја потврдија смртта на девет лица и 56 повредени. Седум лица, вклучувајќи го и пилотот, загинаа веднаш по уривањето на авионот, а две лица подоцна починаа во болница. Осум од оние кои се хоспитализирани се во критична состојба.

До оваа трагедија, на аеромитингот во Рино се забележани 19 жртви меѓу пилотите, почнувајќи од хаваријата во 1972 година. Во 1975 година, загина пилот кога неговиот авион со крилото закачи далновод. Во 1978 година, двајца пилоти загинаа во текот на трката, судирајќи се во воздухот. Во 1994 година, спортски авион се урна на пистата на којашто имало истечено масло и гориво. Во 1998 година, пилот во текот на летото доживеа срцев а неговиот авион се урна во пустината. Истата година, друг авион поради неисправност се урна во населена зона во областа. Во 1999 година, за време на трката во воздух се распадна авион „мустанг“ чии делови паднаа во населена област, но загина само пилотот.

Во текот на авиомитинзите во Рино во 2007 и 2008 година, имаше несреќи во кои животите ги загубија четири пилоти. Ова ги принуди локалните власти да ја разгледаат можноста за затворање на манифестацијата за посети на групи ученици.

Говорејќи за последната трагедија, експертите наведуваат дека може да минат месеци пред да се откријат вистинските причини за уривањето на авионот, вели организаторот на аеромитингот Мајк Хаутон. Како што претходно рече тој, пилотот Џими Ливард кој пилотираше со борбен авион од Втората светска војна од типот „P-51 Mustang“, најверојатно ја загубил контролата и се урнал врз гледачите.

Според друга верзија, станува збор за техничка неисправност на авионот, а очевидци велат дека пилотот реагирал херојско во последен момент свртувајќи го леталото од правец кон главната трибина за гледачите, со што била избегната уште поголема трагедија..

На една од локалните интернет страници, Liuarda, денеска е објавено дека Ливард бил многу искусен пилот и учествувал на повеќе од 120 аеромитинзи и авио релија,. Покрај тоа, тој учествувал и како пилот-каскадер во голем број филмови. Порталот по несреќата во Рино, го отвори прашањето за безбедносните мерки што се преземаат како и за одговорноста на организаторите на ваквите манифестации./крај/ап/цт/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) По земјотресот, еруптираше и вулкан на Камчатка

Објавено пред

Вулканот на Камчатка почна да исфрла пепел до висина од шест километри над работ на кратерот, изјави директорот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Руската академија на науките, Алексеј Озеров.

dobivaj vesti na viber

Според него, разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер што денес го погоди регионот на Камчатка предизвика зголемена активност на вулканот Кључевски, кој еруптира веќе долго време.

„Претходните ерупции не беа силни. Вулканските бомби достигнаа висина од само 200 до 300 метри, со слаба емисија на пепел. Сепак, по земјотресот, се случи ненадејна и моќна експлозија на пепел што се искачи до шест километри“, рече Озеров, како што објави „Камчатка информатива“.

Како што додаде, вулканите во Камчатка се познати по тоа што често реагираат на земјотреси со голема, како и со умерена магнитуда. По денешниот удар, зголемена активност беше забележана и на вулканот „Авачински“, каде што гасовите беа исфрлени до висина од 200-300 метри. Поради оваа причина, научниот тим им препорача на туристите и планинарите да се воздржат од искачување на врвот на овој вулкан.

Слични предупредувања беа издадени и за вулканите „Мутновски“ и „Горели“, каде што беше забележано зголемување на активноста, што укажува на поголема опасност од ерупции.

Земјотресот со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала е најсилната сеизмичка активност во зоната Камчатка од 1952 година. Во градот Петропавловск-Камчатски, жителите почувствуваа земјотрес со јачина до осум степени според Меркалиевата скала.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Песков за санкциите на Трамп: Русија веќе разви имунитет

Објавено пред

Кремљ денес објави дека продолжува да ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со санкциите против Москва, но дека Русија, благодарение на долгогодишното искуство, е имуна на вакви мерки.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера изјави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија за 10 дена ако Москва не покаже напредок кон прекинување на повеќе од тригодишната војна во Украина.

„Долго време живееме под огромен број санкции, нашата економија работи под голем број ограничувања“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

„Затоа, секако, веќе развивме одреден имунитет во овој поглед и продолжуваме да ги следиме сите изјави на претседателот Трамп, како и на други меѓународни претставници за ова прашање“, рече портпаролот на Кремљ.

Медиумите потсетуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе воведе царини за Русија за 10 дена ако Кремљ не се согласи да ја запре војната дотогаш, според аудио-снимка објавена од Белата куќа. Се очекува царините што ги спомена Трамп да бидат секундарни санкции за земјите што купуваат руска нафта, гас и други производи, како што се Кина и Индија.

„За 10 дена од сега. Потоа ќе воведеме царини и слични работи. Не знам дали тоа ќе влијае на Русија, бидејќи тој (рускиот претседател Владимир Путин) очигледно веројатно сака да ја продолжи војната, но ние ќе воведеме царини и слични работи“, рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање пред да се качи на авионот „Ер Форс Уан“, според написите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Зошто нема жртви во еден од најмоќните земјотреси во историјата?

Објавено пред

Од

И покрај исклучително силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка, немаше пријавени жртви. Неколку лица беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Руската академија на науките соопшти дека земјотресот е најсилниот што го погодил регионот од 1952 година. Неговата магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала го става меѓу 10-те најмоќни земјотреси досега. Исто така, беше најтешкиот од 2011 година кога катастрофален земјотрес со магнитуда од 9,1 степени ја погоди Јапонија предизвикувајќи масивно цунами и нуклеарна катастрофа во Фукушима.

Земјотресот предизвика цунами високо до четири метри, а дел од градот Северокурилск беше потопен. Земјотресот оштети згради и предизвика тревоги и евакуации во неколку земји од Пацификот. Како е можно да нема жртви?

Епицентарот на земјотресот бил во Тихи Океан. Американскиот геолошки завод објави дека земјотресот се случил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск-Камчатски, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.

Епицентарот бил на повеќе од 100 км од најголемиот град Камчатка, кој, генерално, е еден од најретко населените региони во Евроазија. Полуостровот има вкупно население од речиси 342.000 жители, а фактот дека епицентарот бил на повеќе од 100 км од најголемиот град значително го намалил директното влијание врз поголемите популации.

Не се пријавени поголеми штети на клучната инфраструктура во градот. Исто така, беше потврдено дека Меѓународниот аеродром „Петропавловск-Камчатски“ работел нормално по катастрофалниот земјотрес.

Земјотресот оштетил градинка, но внатре немало никој.

„Според Геолошкиот завод на САД, областа има релативно мала популација, па затоа не се очекуваат поголеми штети или повреди на локалното население или имотот“, изјави научничката Каролина Орчистон, директорка на Центарот за одржливост на Универзитетот во Отаго, за Центарот за научни медиуми.

Руските научници нагласија дека иако земјотресот бил многу силен, неговата прецизна локација значително го намалила интензитетот на тресењето на земјата во областите во кои живеат луѓе, објавија руските медиуми.

Земјотресот од 1952 година уби над 2.000 луѓе во градот Северокурилск, истиот што сега е делумно потопен. Сепак, повеќето од тие жртви загинаа од цунамито, а не директно од земјотресот.

Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот Огнен Прстен, геолошки активна област позната по силни земјотреси и вулкански ерупции бидејќи неколку големи тектонски плочи се среќаваат и судираат таму. Камчатка е затоа една од најсеизмички активните области во светот и често доживува силни земјотреси.

Покрај фактот дека изградбата е приспособена на стандардите што им овозможуваат на зградите да издржат значителни сеизмички потреси, високото ниво на подготвеност на локалното население исто така одигра клучна улога во намалувањето на последиците.

Градоначалникот на округот, Александар Овсјаников, рече дека има доволно време за евакуација на сите од погодените острови. „Сите луѓе се во зоната за безбедност од цунами“, рече тој на кризниот состанок.

Гувернерот Валери Лимаренко им изјави на руските новински агенции дека најважно е да нема жртви. „Нашите Северокурилци се многу искусни, ова не е првпат да им се случи ова, 2.400 луѓе внимателно се искачија на повисоките области и сè уште се таму“, рече тој.

Експертите веруваат дека високиот степен на подготвеност на локалното население, вклучително и редовната едукација, вежбите за евакуација и навремениот одговор, е клучен фактор за намалување на последиците од толку силни земјотреси и цунами.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ3 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија3 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија6 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија6 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет7 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија8 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ8 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет9 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет10 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет11 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија21 час

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија22 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет24 часа

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија1 ден

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија1 ден

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...