Свет
Серија напади во Ирак, десетмина загинати
Десет лица, меѓу кои се и петмина полицајци и двајца војници, се убиени, а 28 се ранети во неколку напади кои денеска се случија во Ирак, соопштија полициски извори.
Десет лица, меѓу кои се и петмина полицајци и двајца војници, се убиени, а 28 се ранети во неколку напади кои денеска се случија во Ирак, соопштија полициски извори. Во сунитската покраина Анабру, во напад со автомобил бомба во близина на болницата во градот Скалави, загинаа еден цивил и еден полицаец. Во истиот напад биле ранети тројца цивили и петмина полицајци. Шефот на полицијата во Хадити, град кој се наоѓа на 210 километри западно од Багдад, соопшти дека во напад на бомбаш самоубиец биле ранети двајца полицајци. Во делот на Багдад кој се нарекува Мансур биле убиени тројца полицајци, а ранети се четворица цивили и еден полицаец. Во центарот на Багдад, во напад на бомбаш самоубиец биле ранети петмина полицајци. Во покраината Бабилон, во напад кој е извршен со бомба загинал еден војник, а ранети биле двајца цивили. Во градот Садија, во покраината Диала убиен е член на Патриотската унија на Курдистан, нападот го извршиле непознати лица. Едно лице загина, а едно е рането во напад кој се случил во предградието на Мосул. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

