Македонија
Велигден го раздвижи Охрид но, странците повторно го заобиколија
Независно од зголемената раздвиженост низ градот, овогодишните Велигденски празници Охрид ги минува без масовна посетеност од странски туристи
Иако низ градот можат да забележат автомобили со странски регистерски таблички, воглавно од соседните држави, загрижува податокот што оваа година е забележително намален бројот гости од соседна Србија, кои изминатите години го држеа приматот најбројни на Охридската ривиера. И оваа година воопшто ги нема гостите од Грција кои традиционално доаѓаа во Охрид за Велигден.„Најавите пред Велигденските празници беа многу послаби во споредба со минатата година. Имаме откажување на аранжманите во последните неколку дена од страна на туристички агенции од Србија. Иста е ситуацијата и со првомајските празници, најавите се минимални, но се надеваме дека има доволно време во април да се направат поголеми активности и нешто да се подобри“, изјави Дончо Танески од Хотелската асоцијација на Македонија. Танески истакна дека слабата посетеност на балканскиот Ерусалим за Велигденските празници секако е последица на светската економска криза, но тука влијае и слабата пропаганда и организираноста на охридската туристичка понуда.„Проблемот е во нас, во нашата неефикасност, неспособност и нашето нестручно ангажирање во делот на промоција, маркетингот и анимирањето на туристичкиот пазар, пред се во соседните земји“, додаде Танески.Тој истакна дека во целата лоша слика добро е што договорените аранжмани на хотелиерите од минатата за 2010 година се реализираат без откажувања на термини, што влева надеж дека главната туристичка сезона ќе биде подобра од минатогодишната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

