Македонија
Меѓаши- Загрозени правата на децата во Македонија
Непочитување на правата на децата , психичко и физичко насилство, како и сексуално вознемирување во училиштата, се најчестите проблеми со кои се соочуваат децата во Македонија, покажаа резултатите од Алтернативниот извештај на првата детска амбасада „Меѓаши“
Непочитување на правата на децата , психичко и физичко насилство, како и сексуално вознемирување во училиштата, се најчестите проблеми со кои се соочуваат децата во Македонија, покажаа резултатите од Алтернативниот извештај на првата детска амбасада „Меѓаши“Во анкетата што ја спроведе „Меѓаши“, половината од анкетираните деца се изјасниле дека во нивните училишта има насилство од типот удирање со креди и клоци врз децата, додека со 38 проценти децата одговориле дека многу ретко се почитуваат нивните мислења во училиштата и семејствата.Иако по малку застарен метод, но кој што сеуште се применува во училиштата, е и стапчето како дисциплинска мерка од страна на наставниците, доколку децата не се послушни. „Околу 20 проценти од анкетираните лица се изјасниле дека семејното насилство сеуште постои. Една половина од децата се изјаснија дека во нивните училишта постои насилство. Истовремено со 9 проценти децата одговориле дека постои сексуално вознемирување во училиштата, но ние сметаме дека доколку децата детално би знаеле што значи сексуално вознемирување, ние сме уверени дека оваа бројка би била многу поголема“, изјави Васка Бојаџи од „Меѓаши“Од „Меѓаши“ велат дека како најзагрозена категорија се децата со мал хендикеп кој заради немање на пристап во училиштата тие не се запишуваат во основните и средните училишта, што е показател на сериозно кршење на правата на детето.Тие сугерираат дека државата мора да превземе итни мерки за да се подобрат условите и правата на децата, бидејќи само мал дел од децата се вистински запознаени за нивните права.„Ние сметаме дека државата мора да изнајде форми за масовно информирање за детските права кај сите категории на граѓани.Исто така ние сметаме дека треба да се донесе закон за безбедно користење на интернетот што истовремено ќе подразбира и забрана за продажба на какво било порнографски материјали“рече Елена Димитриевска од детската амбасада „Меѓаши“Во оваа анкета беа анкетирани 2234 ученици во седум градови во земјава. Првата детска амбасада „Меѓаши“ овој извештај ќе го достави во Комитетот за детски права во Женева, се со цел да се дадат јасни препораки на земјава во решавање на овој проблем.крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

