Македонија
Нова 20-та жртва на грипот А(Х1Н1)
Жена на возраст од 45 години починала ноќеска на Клиниката за инфективни болести од последиците на новиот грип, соопшти во недела министерството за здравство, со што бројот на починатите во Македонија се зголеми на 20
Жена на возраст од 45 години починала ноќеска на Клиниката за инфективни болести од последиците на новиот грип, соопшти во недела министерството за здравство, со што бројот на починатите во Македонија се зголеми на 20.
Пациентката била хоспитализирана на клиниката пред десетина дена со висока температура, треска, сува кашлица, отежнато дишење и болки во градите. Пред четири дена дошло до влошување на состојбата и била поставена на асистирана вентилација, но состојбата не се подобрила
Инаку, во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти, со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 69 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна. Тројца пациенти се со потешка форма на пневмонија и се уште се на асистирана вентилација.
На инфективното одделение во Воената болница нема нови хоспитализирани пациенти и таму во моментот болнички се лекуваат девет лица.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 10 нови пациенти и таму во моментот болнички се лекуваат 45 деца со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика. Три деца се со потешка форма на пневмонија, од кои едно е поставено на респиратор.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште седум деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 34 деца./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

