Свет
ЕСМ погрешно се приватизира

Владата, советувана од својата комисија за преобразба на „Електростопанство на Македонија“, со продажбата на 90 отсто од акциите на компанијата донесе уште една сосема погрешна одлука пред најавениот процес на приватизација.
Мирче Котевски
Владата, советувана од својата комисија за преобразба на „Електростопанство на Македонија“, со продажбата на 90 отсто од акциите на компанијата донесе уште една сосема погрешна одлука пред најавениот процес на приватизација. Очигледно и најмалите очекувања дека извршната власт ќе го напушти стариот систем на катастрофални одлуки во овој процес, биле нереални и премногу оптимистички. Вака Влатко Чинговски, претседател на Здружението на енергетичарите (ЗЕМАК) и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го критикува избраниот модел според кој ќе се продава најголемата државна фирма.
у Како ја браните тезата дека начинот на продажба на дистрибуцијата е несреќен и погрешен чекор на Владата?
– Продажбата на 90 отсто од акциите на АД ЕСМ едноставно значи замена на државниот монопол со приватен монопол во дејност што е од јавен интерес, односно дејност од која во голема мера зависи целокупниот општествено-политички и пред се економски развој на државата. Не треба да се биде голем економист за да се знае дека полош од државниот е само приватен монопол.
Избраниот модел не е приватизација на државен имот преку влегување на стратегиски партнер во оваа област, туку проста продажба на најголемото претпријатие што се занимава со дејност од јавен интерес, дистрибуција и снабдување со електрична енергија.
у Нели со либерализацијата на енергетскиот пазар ќе паднат стравувањата дека ЕСМ може повторно да стане монопол?
Практиката покажала дека процесот на либерализацијата кон крајниот потрошувач крајно се забавува и се доведува прашање, слично како во телекомот, каде што се уште чекаме нови фиксни оператори. Со ваков начин на продажба, сопственикот на новиот приватен монопол воопшто нема да биде заинтересиран за либерализација на енергетскиот пазар, поради тоа што таа либерализација ќе значи директно намалување на неговиот профит. Од друга страна, кој друг би влегол во толку ризичен бизнис за снабдување на потрошувачите со струја кога мрежата што мора да ја користи е во целосна сопственост на друг приватен инвеститор!
Држат ли убедувањата на Владата дека новиот модел на продажба ќе биде привлечен за моќните странски инвеститори?
– И покрај тоа што Владата постојано не убедуваше дека максимализацијата на средствата добиени од продажбата на АД ЕСМ не е важна, сепак на крај по којзнае кој пат повторно го смени мислењето и сега конечно ни вели дека со продажба на 90 отсто од акциите ќе се максимизирал приходот од приватизацијата и ќе се привлечел сериозен инвеститор. Тогаш зошто не се продадат сите 100 отсто акции? Нели тогаш ќе се добијат и повеќе средства и посериозен инвеститор. Треба да ни биде јасно дека сериозноста на инвеститорот не се оценува според количеството на акциите што ќе ги купи.
Напротив. Доминантен сопственик едноставно значи поголема слобода за манипулации со бизнисот. Конечно,треба да се престане да се користи зборот инвеститор, затоа што во овој случај едноставно станува збор за купувач.
Тогаш, кое би било најдоброто решение за приватизација на компанијата?
– На инвеститорот да му се понуди заедно со откупот на 33 отсто од акциите да добие и право на управување на компанијата преку мнозинство членови во управувачкиот одбор. Да му се постават функции на цел што треба да ги исполни неговиот менаџмент, како на пример: во тек на една година да ја донесе наплатата на реални 95 отсто и да ги намали загубите за 5 отсто во првата година, со тенденција за две години да паднат на реални 7 до 9 отсто, како во сите развиени економии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.
Свет
Индија и Пакистан воспоставија први контакти по новата ескалација

Индија и Пакистан ги воспоставија своите први контакти од почетокот на кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија.
Тој во саботата за „Гео њуз“ изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „топката е во дворот на Индија“, објави агенцијата ДПА.
„Војната не е наш приоритет и ние навистина сакаме мир, но без хегемонија на која било земја“, рече Дар, кој е и заменик-премиер на земјата.
Дар рече дека неговите разговори со светските лидери, вклучувајќи ги Рубио и саудискиот министер за надворешни работи во саботата наутро, биле „позитивни“ и дека се надева оти разговорите со Индија би можеле да започнат.
На прашањето за контактот меѓу армиите на двете земји по последната рунда напади, Дар рече дека „биле разменети пораки од двете страни“.
Ројтерс, повикувајќи се на индиски медиуми, објави дека индиски и пакистански претставници разговарале во саботата.
Ситуацијата се влоши во саботата откако Пакистан започна напад врз соседната земја во кој тврдеше дека уништил индиски систем за воздушна одбрана со хиперсонични ракети.
Нападот се случи откако Пакистан објави дека Индија испалила ракети врз неколку воени бази.