Контакт

Надворешна политика

Попоски-Кундерс: Најважно е заедничко решение за мигрантската криза

Објавено пред

Наважно во овој момент е да имаме заедничко решение, да ги координираме нашите напори и да задржиме пристап во кој сите ќе бидеме вклучени, заклучлија во неделата македонскиот министер за надворешни работи Никоал Попоски, кој во Скопје беше домаќин на неговиот холандски колеа Берт Кундерс.

dobivaj vesti na viber

Според шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ваквите заложби се истовремено и главниот интерес на земјата, но притоа порача дека најважно за Македонија е да соработува со соседите, како и со другите земји кои на билатерални или заедничко европско ниво даваат поддршка за справување со предизвикот.

Попоски и Кундерс, кој е и претседавач со Европската унија, се согласиле дека од големо значење за Македонија е да не се изгуби од предвид важноста на кредибилни евроинтеграциски процеси, информираа на заедничката прес-конференција по разговорите.

„Поголем временски период сме во ситуација да не можеме да оствариме напредок како што има препорачано веќе одамна Еврoпската комисија и тоа сигурно не останува без последици“, рече Попоски .

Кундерс, пак, од своја страна изрази благодарност за Македонија што ја исполнила својата одговорност, во смисла на регистрација на што е можно повеќе бегалци, затоа што само транзитот не е решение.

„Одредени земји членки ја поттикнуваат Македонија да ја затвори својата граница со Грција. Но, како што заедно заклучивме, многу е важно да продолжиме со европскиот процес на соработка по ова прашање. Многу е поважно да имаме делотворна контрола на границата отколку таа да се затвори“, нагласи Кундерс истакнувајќи дека во ЕУ се водат дискусии за ова прашање.

Холандија како претседавач со ЕУ смета дека е многу важно да се зборува со Австрија, Грција и Македонија и се да најде ефикасно решение за мигрантската криза, смета Кундерс.

„Граничната контрола мора да биде во стандард со европските и светски обврски. Веруваме и затоа е важно да зборуваме заедно ЕУ и Македонија за давање заемна поддршка одлуките да се донесуваат на транспарентен координиран начин во еворпска рамка. Треба да се земат предвид сите последици, вклучително и последиците за Македонија“ додаде Кундерс изразувајќи надеж дека ќе пристигне и европската поддршка за Македонија. Шефот на хоалндската дипломатија изрази убеденост дека е можно да се избегне домино ефект и неконтролирана ситуација.

На новинарско прашање за двата различни предлога во последните два дена, односно за предлогот за затворање на македонската јужна граница кој дојде од Австрија и неколку централноевропски земји, и предлогот на Холандија, шефот на македонската дипломатија посочни дека не станува збор за различни пристапи.

„Првата обврска која ја има Македонија е да воспостави целосна контрола и да спречи илегални премини, како што тоа се случуваше минатото лето од Грција. Имаме обврска тоа да го направиме, делумно и затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и Шенген зоната и мораме во оваа фаза да демонстрираме капацитет дека тоа можеме да го направиме кога треба. Македонија де факто во практиката докажа дека може да ја контролира својата граница и да спречи нелегални влезови. Тоа не се коси со можноста на легално обезбедени центри за регистрација, да обезбедиме прием на луѓе кои се потенцијални баратели на азил во ЕУ. Тие доаѓаат од ЕУ во Македонија и дел од нив се основани баратели на азил“, прецизираше Попоски.

Според него, вториот аспект е хуманиот пристап, кој во никој случај не може да се коси со безбедноста. „Македонија нема никому да докажува колку е хумана земја и колку нејзиното население се грижи за луѓе кои се тешка ситуација, бидејќи воедно е земја која има веројатно по глава на жител најмногу бегалци примено во минатите 25 години независност. Тоа и во овој случај го докажуваме бидејќи без разлика на тоа што имаат поминато околу 800 илјади луѓе низ наша територија, што е речиси половина од нашето население, ние сме обезбедиле хуман третман за тие луѓе“, рече Попоски.

Истакна дека Македонија во никој случај нема да преземе мерки кои ќе одат на штета и на безбедноста, ниту ќе преземе мерки кои ќе одат на штета на хуманоста, но не треба да се очекува дека Македонија само ќе го набљудува овој процес.

На новинарско прашање кој е ставот на ЕУ доколку Австрија и други држави ги затворат границите за мигрантите, Кундерс одоговори дека кон крајот на претстојната седмица ќе се одржи самитот на ЕУ на кој ќе се разговара како може да се избегнате еднострани одлуки.

„Живеам во земја која прими околу 60.000 бегалци минатата година кои поднеле барање за азил и ние спроведуваме зајакната контрола на нашата граница, како што го прави тоа и Македонија“, рече холандскиот министер Кундерс./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет5 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет12 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет12 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет13 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет13 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет14 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...