Свет
Притворен ексдиректорот на битолски „Транскоп“
Советникот на Либералната партија во битолскиот општински совет, Наум
Симјановски, од завчера е во 30-дневен притвор, откако против него е поднесена
кривична пријава за финансиски злоупотреби додека бил директор на
претпријатието „Транскоп-патнички сообраќај“ од Битола.
Советникот на Либералната партија во битолскиот општински совет, Наум
Симјановски, од завчера е во 30-дневен притвор, откако против него е поднесена
кривична пријава за финансиски злоупотреби додека бил директор на
претпријатието „Транскоп-патнички сообраќај“ од Битола.
Според полицијата, ексдиректорот незаконски присвоил околу 100.000 евра откако
во 1992 година склучил договор со фирмата „Еском“од Монако за превоз на
прехранбени продукти за потребите на УНПРОФОР, а подоцна и за НАТО. Во
договорот учествувала и скопската фирма „Електрометал“, на која „Транскоп“
требало да и’ плати 4 отсто од износот на зделката. Наместо во „Електрометал“,
парите од провизијата завршиле на приватната сметка на Симјановски. Истрагата
треба да утврди каде исчезнале уште 200.000 евра, кои од 1998 до 2007 година
требало да и’ бидат префрлени на „Електрометал“, која сега е во ликвидација.
Симјановски се правдал дека дел од овие пари ги дал за потребите на поранешната
единица „Лавови“ и барал да му биде одреден куќен притвор.
Ексдиректорот на „Транскоп“ беше поранешен локален лидер на ЛП, а во два
мандата беше пратеник на партијата во републичкото собрание.
(Ж.З
)
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.