Свет
Бил Клинтон испратил два e-mail-а за два мандата
Додека беше претседател, Бил Клинтон, имаше контрола врз нуклеарниот „сеф“на САД, но не сепак тој не бил особено голем љубител на високата технологија. Тој призна дека испратил само два e-mail-а за двата претседателски мандати од 1992 до 2000 година, додека вработените во неговата администрација испратиле вкупно 40 милиони. Клинтон оваа изјава ја дал пред експерти за информатичка технологија, кои присуствуваа на конференцијата во Њујорк. „Испратив само два e-mail-а како претседател. Еден до борбените единици во Јадранското Море и еден до Џон Глен, кога полета во вселената на 77 години“, рекол Клинтон. Поранешниот американски претседател се пошегува за состојбата на технологијата во времето кога стапил на должноста, и за 50-те сајтови, кои постоеле тогаш. Тој рекол дека мобилните телефони биле толку тешки, што „можеле да се користат за тренинг на мускулите“.Праќањето на електронските писма било тимска работа. Кога Клинтон испратил порака до Глен, тој добил помош од вработените во администрацијата, кои сакале дадознаат дали шефот на државата знае како се притиска копчето за испраќање пораки. Крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

