Спорт
Тешки противници за Металург и за Пелистер

Во седиштето на ЕХФ во Виена претпладнево беа извлечени двојките за третото коло во Купот на ЕХФ.
Во седиштето на ЕХФ во Виена претпладнево беа извлечени двојките за третото коло во Купот на ЕХФ.
Македонските преставници Металург и Пелистер за противници во оваа фаза ги добија екипите на Иври од Франција, односно Реал Адемар од Шпанија. На првите средби кои на програмата ќе бидат на 20 или 21 ноември Металург и Пелистер ќе бидат домаќини, реванш дуелите ќе се одиграат една недела подоцна.
Металург нема добри спомени од соочувањето со француските тимови, минатата сезона во Купот на победниците на куповите, во четврфиналето, „металурзите“ во двомечот беа елиминирани од Трембле. Пелистер со екипа од Шпанија се има сретнато еднаш во сезоната 2005/2006, тогаш во фазата по групи во ЛШ, битолчани ги загубија двата меча од Портланд Сан Антонио.
Комплетни двојки за третото коло во Купот на ЕХФ:
Металург (Македонија)-Иври (Франција)Пелистер (Македонија)-Реал Адемар (Шпанија)Ла Риоха (Шпанија)-Металопластика (Србија)Еш (Луксембург)-Амичитија Цирих (Швајцарија)Запорожје (Украина)-Сен Рафаел (Франција)Горсвалштад (Германија)-Хаукар (Исланд)Лемго (Германија)-КРАС Волендам (Холандија)Алингсас (Шведска)-Гопинген (Германија)Хапоел Ришон (Израел)-Нордсјеланд (Данска)Зарја Каспија (Украина)-Бешикташ (Турција)Горење Велење (Словенија)-Нексе (Хрватска)Дунафер (Унгарија)-Порто (Португалија)Мадеира (Португалија)- А1 Брегенц (Австрија)Борац Бања Лука (БиХ)-Татабања (Унгарија)Краснодар (Русија)-Црвена звезда (Србија)Силкеборг (Данска)-Драмен (Норвешка).крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Бецеки на пол-позицијата во Австрија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.
Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060.
Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол.
Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето.
Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.
Спринт трката се вози од 15 часот, а главната трка е закажана за недела со почеток во 14 часот.
Marco Bezzecchi takes his first pole since 2023 ahead of @alexmarquez73 and @PeccoBagnaia 🙌#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/XTyYZFyWI5
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025