Спорт
Виљареал на испит на Ноу Камп
Единаесетото коло е тест за можностите на пријатното изненадување на оваа сезона во Примера Дивизион, екипата на Виљареал кој гостува на Ноу Камп на Барселона во сабота. Во изминатите 10 кола Виљареал собра 23 бодови и е на третата позиција само два бода помалку од Барселона а три од Реал. Во минатото коло Виљареал беше убедлив и победи со 4:1 во мечот со Атлетик Билбао. Роси, Нилмар и Алтидоре се во форма и ги тресат противничките мрежи. На гостувањата оваа есен Виљареал два пати победи, и два пати ремизира со само еден пораз. Од друга страна Барселона минатото коло го победи со 3:1, Гетафе на гости а притоа и Виља и Меси постигнаа голови. Доколку Виљареал не загуби на гостувањето по многу години неинтересно првенство во кое за титулата се бореа само два тима, ќе се случи конечно трката да биде во тројка. Лидерот на првенството Реал Мадрид со осум победи и две реми му гостува на Спортинг Хихон. Спортинг е на долната половина на табелата, но надеж во подобри денови им донесе ремито на гостувањето на Алмерија и сега ќе се обиде барем да не загуби против силниот Реал. Тимот на Мурињо во Купот ја растури Мурсија, со 5:1 па фудбалерите не помислуваат дека на овој меч може да им се случи прв пораз. Мечот се игра во недела на 14. ноември. Во останатите мечеви се среќаваат: Атлетик Билбао – Алмерија и Атлетико Мадрид – Осасуна (во сабота), Реал сарагоса – Севиља, Херкулес Реал Сосиедад, Расинг Сантандер – Еспањол, Малага – Леванте, Мајорка – Депортиво и Валенсија – Гетафе (недела). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

