Uncategorized
Европските комунисти против анти-комунистичката резолуција
Комунистичките партии во Европа се мобилизираа против нацрт резолуцијата со која се сака да се осудат злосторствата на комунистичките режими, за која денеска ќе расправа Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Комунистичките партии во Европа се мобилизираа против нацрт резолуцијата со која се сака да се осудат злосторствата на комунистичките режими, за која денеска ќе расправа Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Авторот на нацрт резолуцијата, шведскиот пратеник во СЕ Јоран Линдблад (Европска народна партија, десница), ги повика земјите на просторите на поранешниот комунистички блок да ја сензибилизираат својата јавност за „злосторствата сторени во име на комунистичката идеологија", а сите комунистички и посткомунистички партии, кои тоа не го сториле, на "недвосмислена" осуда на комунистичките злосторства.
На состанок одржан викендов во Брисел, претставниците на 15 комунистички и работнички партии, од кои 13 се Европски, го осудиле "тој насилен напад против историјата, сегашноста и иднината на комунизмот“, пренесуваат белгиските медиуми.
Според мислењето на овие партии, резолуцијата Линдблад ги минимизира "злосторствата на нацизмот", а ги оправдува "империјалистичките напади против социјалистичките земји и би можела да доведе до забрана на комунистичките партии".
Грчката ККЕ оцени во средината на декември, дека резолуцијата Линдблад е "објавување на војна и прогон на комунистичките партии", а постепено се мобилизираа и другите комунисти.
Француските комунисти, како Франсис Вуртз, му забележуваат на Советот на Европа што расправата за комунистичките злосторства ја закажала за денеска, кога е закажан извештајот за будење на нацистичката идеологија во Европа, на што гледаат како на "официјално изедначување на комунизмот и нацизмот".
Советот на Европа излезе во пресрет, па авторот на извештајот за нацизмот, Русинот Михаил Маргелов, излагањето ќе го одложи, бидејќи денеска мора да помогне во одржувањето на палестинските избори.
За германските комунисти текстот на Линдблад е "неомакартистички" обид за "банализирање на нацистичкиот геноцид, кој се исмејува на бројните комунистичките борци против фашизмот, како и на жртвите на фашизмот“.
Сличен е и ставот на унгарската Работничка партија, која смета дека текстот „длабоко го навредува сеќавањето на генерациите кои се бореле против фашистичките режими".
Европските комунисти се поделени во осудата, па така Грците не признаваат дека комунистите воопшто грешеле, додека другите злосторствата ги сметаат за грешни отстапувања сторени во име на комунистичкиот идеал.
Чешкиот КСЦМ, на пример, говори за грешките од периодот на првите социјалистички искуства и бара резолуцијата да вклучи и „критика на грубоста на капиталистичките режими и нивното газење на човековите права".
Во Словенија, Полска, Литванија или Естонија, комунистичките партии не го преживеаја пропаѓањето на Советскиот блок, па таму резолуцијата Линдблад не предизвика никакви реакции, додека во другите држави во Европа, комунистите имаат свое гласачко тело од 1 отсто во Австрија до 18 отсто во Чешка.
/крај/хн/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.