Свет
Австралија зафатена од силни дождови и поплави
Австралија ја зафатија најголеми врнежи во последните 120 години, кои предизвикаа поплави во североисточниот дел на земјата
Австралија ја зафатија најголеми врнежи во последните 120 години, кои предизвикаа поплави во североисточниот дел на земјата.
Поплавите отцепија од светот неколку подрачја во сојузната држава Квинсленд, предизвикувајќи штета од неколку стотици милиони долари, изјави во недела премиерката на Квинсленд Ана Блај.
„Патиштата се отсечени, водата на некои места ја однела железничката пруга, штетата сигурно ќе изнесува неколку стотици милиони долари, рече Блај, при посетата на гратчето Сент Џорџ, каде се поплавени 25 куќи.
Реката Балон ги пробила насипите во близина на Сент Џорџ, отцепувајќи до светот повеќе места во југозападниот дел на Квинсленд.
Силна бура проследена со обилни врнежи од дожд и град, во саботата го погоди и Мелбурн, престолнината на Викторија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот. /крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

