Свет
Шарон бара од Русија поголема објективност кон Блискиот Исток
Израелскиот премиер Ариел Шарон оцени дека Русија би требала да покаже поголема објективност кон Блискиот Исток и да ги земе предвид позициите и на Израел и на арапските земји.
Израелскиот премиер Ариел Шарон оцени дека Русија би требала да покаже поголема објективност кон Блискиот Исток и да ги земе предвид позициите и на Израел и на арапските земји. Шарон, во интервју за денешниот руски весник “Труд“, нагласил дека “објективните и урамнотежени односи на Русија кон Израел би биле од голема важност за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спречен терористички напад во Москва
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата во Русија ќелија на меѓународната терористичка организација „Исламска држава“ во Авганистан – „Вилајат Хорасан“.
Оваа информација ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
„Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана експлозивна направа. За време на апсењето, терористите пружиле вооружен отпор на руските офицери на ФСБ и на крајот биле неутрализирани со возвратен оган“, се наведува во соопштението, пренесе агенцијата ТАСС.
Ова, нагласува ФСБ, ги запре активностите на ќелија на меѓународна терористичка организација, чии членови, по потекло од Централна Азија, планирале да извршат терористички акт против еден од полициските оддели. Извршителите го привлекоа вниманието на безбедносните агенции кога собираа информации за одделот на руското Министерство за внатрешни работи во Москва, кој беше избран за цел на терористичкиот напад, соопшти Центарот за односи со јавноста.
За време на истражните дејствија во местото на живеење на радикалот, пронајдено и одземено е огнено оружје, муниција. Во тек се оперативни дејствија за пребарување и истрага.
Регион
Црна Гора: Во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.
Свет
Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од Украина
Севернокорејски војник заробен од украинските сили починал од раните, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција.
„Потврдено е, преку сојузничката разузнавачка агенција, дека севернокорејски војник бил фатен жив на 26 декември, но им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на разузнавачката агенција.
Украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник кој се борел на страната на Русија, соопшти претходно денеска јужнокорејската разузнавачка служба.
South Korea’s National Intelligence Service (NIS) confirmed that Ukraine captured a wounded North Korean Soldier, marking the first known instance of a North Korean Combatant being seized. The Soldier was reportedly captured by Ukrainian Forces in Russia’s Kursk Region, as… pic.twitter.com/bzqcjMUfov
— OSINTdefender (@sentdefender) December 27, 2024
Тоа беше првиот познат случај на заробен Севернокореец откако Киев и Западот објавија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија.