Свет
Владата ќе го плаќа борецот против уставното име на Македонија
ТоЈ што не "фиромираше" му стана советник на БуЧковски
ТоЈ што не "фиромираше" му стана советник на БуЧковски
Валтер Швимер, поранешен генерален секретар на Советот на Европа, кој во март 2004 година препорача се што е македонско да се нарекува "словенско", вчера дојде во Скопје, но не за да им се извини на граѓаните на Македонија, туку како надворешен советник на премиерот Владо Бучковски. Швимер, за хонорар чија висина се чува во тајност, ќе го советува македонскиот премиер за Европската Унија и за промоција на земјава пред австриската бизнис-заедница.
Првиот совет на Швимер за македонската влада е да го сфати многу сериозно она што е напишано во мислењето на Европската комисија и да продолжи со борба против невработеноста, сиромаштијата и корупцијата.
Австриецот Швимер на прашањето која земја, која влада и кој народ ќе го советува, одговори: "Република Македонија, без двоумење".
Швимер, како Генерален секретар на Советот на Европа, на 2 март 2004 издаде интерна уредба со која се наложи во официјалното обраќање кон Република Македонија да се користи референцата "Бивша Југословенска Република Македонија", а за реферирање на националноста се препорача да се употребува "лице од Бившата Југословенска Република Македонија". За јазикот, културата и за традицијата, освен "македонски", препорача во заграда да се става одредбата "словенски". Пред оваа уредба да биде повлечена, МНР испрати нота до Стразбур, Хелсиншкиот комитет испрати протестно писмо до Швимер а невладиниот сектор во земјава покрена масовна акција под мото "Донт фиром ми" (Do’t fyrom me).
Швимер вчера рече дека Македонија е добар пример за другите земји од ЈИЕ со спроведувањето на рамковниот договор и со мултиетничката демократија. Тој смета дека во периодот додека неговата матична држава Австрија е претседавач на ЕУ неговите совети може да и помогнат на земјава.
– Сакам да дадам јасна порака. Исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ не е за да се задоволи Брисел, туку за да се подобрат животните услови и целата ситуација во Македонија. Ако Македонија успее да ги исполни овие критериуми, ќе има помалку невработени, поголем економски развој, ќе се намали сиромаштијата и ќе се елиминира корупцијата – рече Швимер.
Новиот советник на Бучковски не откри колкав ќе биде неговиот хонорар. Тој рече дека Владата ќе му ги покрие основните трошоци и дека не е битна висината на хонорарот, туку довербата што му ја дава земјата.
Како доказ за поддршката што и ја давал на земјава, Швимер го посочи фактот дека на интернет-пребарувачот "Гугл" има 18. 700 резултати поврзани со неговото име и Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

