Европа
Полска Евроскептичната партија PiS освои апсолутно мнозинство во парламентот

Евроскептичната партија Право и правда (PiS) на поранешниот премиер Јарослав Качински стана првата партија на Полска којашто освоила апсолутно мнозинство во полскиот парламент од падот на комунизмот во 1989 година, покажаа во вторникот објавените изборни резултати.
Партија Правда и право на Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот полски претседател Лех Качински, освои 235 мандати во долниот дом на парламентот Сејмот кој има 460 мандати, што му овозможува самиот да ја формира владата, без коалициски партнери.
Убедливата на победа на оваа партија покажува дека оваа 38-милионска земја направила пресуден пресврт надесно кон национализмот и недовербата кон Европската унија, што отвора перспектива за можни тензии меѓу Варшава и нејзините партнери во Брисел, коментира Reuters.
Конзервативната PiS, којашто се противи на прифаќањето на имигранти од Блискиот исток и од Африка, во предизборната кампања вети дека ќе го зајакне државниот надзор над економија, ќе ги оданочува банките и ќе ја запре приватизацијата. Сака, исто така, да ја намали пропишаната возраст за заминување во пензија, како и со даночни и финансиски поттикнувања да го зголеми економскиот раст до ниво од 5 отсто.
Досега владејачката партија на центарот Граѓанска платформа (PO) на премиерката во заминување Ева Копач и на поранешниот полски премиер и актуелен челник на Европскиот совет, Доналд Туск, освои 138 мандата, а партијата Кукиз-15 ќе има 42 пратеници, додека либералната Новочесна – 29 и Полската селанска партија (PLS) ќе има 16 пратеници.
Двете партии со лева ориентација не го минаа изборниот праг, кој изнесува 5 отсто за партиите кои настапуваат самостојно и 8 проценти за коалициите, што значи дека левицата нема да биде застапена во полскиот Сејм првпат од 1989 година.
Право и правда обезбеди убедливо мнозинство и во горниот дом од Сенатот (кој има 100 места, а Сејмот – 360). А бидејќи и претседателот на земјата Анджеј Дуда во мај годинава, исто така, беше избран како кандидат на PiS, станува јасно дека партијата на Качински си ја обезбеди практично целата политичка моќ во земјата, иако не успеа да оствари доволно мнозинство во парламентот за да може да носи уставни измени, на што во минатото нејзините влади беа склони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин