Македонија
Луртие: Европската перспектива на западниот Балкан е јасна цел
Економската криза и тешките реформи што треба да се спроведат на патот кон Европската Унија, според португалскиот државен секретар за европски прашања, Педро Луртие, се меѓу главните причини за падот на расположението на македонски граѓани за влез на земјата во Европската Унија
Според Луртие, падот на поддршката е својствено и за самите земји-членки на ЕУ. Смета дека спроведувањето на реформите е важно, не само заради зачленувањето во ЕУ, туку и поради долгорочната корист од нив.„Можеби гледате дека за време на оваа економска криза, поддршката за Европската Унија во многу други земји-членки благо се намали. Но, наша работа е, како членови на владата, не само да продолжиме со потребните реформи, туку и да ги примениме што е можно побрзо, што на среден и на долг рок ќе имаат позитивен ефект врз населението.“, изјави Луртие.Тој потенцира дека европската перспектива на западниот Балкан е јасна цел на ЕУ.„Што значи европската за западниот Балкан? Значи дека Европската Унија сака, тогаш кога се исполнети сите критериуми, сите земји од западниот Балкан да влезат во Европската Унија. Тоа значи дека земјите од западниот Балкан не партнери во надворешната политика на ЕУ, туку се нешто повеќе од тоа. Се разбира, кога сте нешто повеќе од тоа, одговорноста на двете страни, на земјите од западен Балкан и на ЕУ, се зголемува“, изјави Луртие.Дека проширувањето останува приоритет на ЕУ, смета и вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски.„Проширувањето на Европската Унија не е дел од надворешната политика на ЕУ, туку е дел од една друга политика, многу позначајна од надворешната политика. Процесот на проширување на ЕУ, и покрај различните најави, останува високо на приоритетите на ЕУ. Наше задоволство е да констатираме дека државите од западниот Балкан имаат цврсто потврдена европска иднина.“, изјави Наумовски.Луртие и Наумовски разговарале и за интензивирање на економската соработка меѓу Португалија и Македонија. Најавија отворање на огранок на португалската стопанска комора во октомври во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

