Контакт

Берзи

Волстрит: Нов рекорд на S&P по добрите резултати на банките

Објавено пред

Индексот S&P 500 достигна ново највисоко ниво во историјата со оглед дека подобрите од очекуваните деловни резултати на банките и макроекономските податоци покажуваат дека состојбата во најголемата светска економија.

dobivaj vesti na viber

S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 1.848 поени, Dow Jones зајакна за 0,66 поени, на 16.481 поен, а Nasdaq индексот зајакна 0,76 отсто, на 4.214 поени.Новото рекордно ниво на S&P 500 пред се  должи на растот на цената на акциите на банките.Откако во вторникот JPMorgan Chase и Wells Fargo известија за нешто подобри од очекуваните резултати во последниот квартал од минатата година, инвеститорите вчера ги охрабрија и податоците за силниот раст на приходите и добивката на Bank of America. Цената на акцијата на втората по големина американска банка скокна за над два отсто.  Фед соопшти дека на крајот на минатата година економијата јакнела со умерено, но стабилно темпо, а во некои региони на САД се очекуваат јакнење на активностите.Поради тоа инвеститорите се сигурни дека економијата ќе продолжи да расте дури и ако американската централна банка продолжи да ги намалува монетарните поттикнувања, кои во изминатите години поддржува раст на цените на акциите.Главен придвижувач на берзите во моментот е сезоната на објава на деловни резултати до последниот квартал. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ46 минути

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија59 минути

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ1 час

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија4 часа

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет5 часа

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија6 часа

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа6 часа

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет7 часа

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа7 часа

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...

Свет7 часа

Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот...

Македонија7 часа

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Топ17 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Свет20 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ21 час

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија21 час

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија23 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија23 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија1 ден

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија1 ден

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија1 ден

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...