Македонија
Даул :Поддршка од Европската народна партија за евроинтерграција на Македонија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, вчера попладне на маргините на Конференцијата на Европските народни партии што се одржа во Будимпешта, оствари средба со Јозеф Даул
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, вчера попладне на маргините на Конференцијата на Европските народни партии што се одржа во Будимпешта, оствари средба со Јозеф Даул, претседател на најголемата пратеничка група во Европскиот Парламент, Европската народна партија, пренесува МНР.
На средбата, претседателот Даул ја нагласи максималната поддршка што пратениците во ЕП од редовите на Европската народна партија и ја даваат на Република Македонија во процесите на евро-интегрирање, истакнувајќи го нивното залагање за одредување датум за почеток на преговори до крајот на годинава.
Министерот Милошоски се заблагодари за јасната и недвосмислена позиција на парламентарната група чиј координатор е Јозеф Даул, изразувајќи уверување дека одредувањето датум за старт на преговорите со ЕУ ќе биде силен поттик за Република Македонија во напорите за успешно реализирање на реформските процеси. /крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
Утре без струја неколку скопски населби
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“.
Македонија
„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ
„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.
„Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.
Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.
Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно?
Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

