Македонија
Комисијата потврди, Угриновски бил кодош
Комисијата за лустрација и официјално го потврди заклучокот што го донесе пред една недела, дека лидерот на Сојузот на Титови леви сили, Слободан Угриновски, соработувал со тајните служби
„Комисијата останува на истиот заклучок, дека изјавата на советникот во Град Скопје не се совпаѓа со податоците со кои што располага комисијата“, изјави претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев. Инаку, Слободан Угриновски попладнево се произнесе пред Комисијата за лустрација и ги негираше нивните докази дека бил соработник на тајните служби. На прес конференција изјави дека одлуките на Комисијата за лустрација за него се нелегитимни и дека тој одговора на законите на СФРЈ и СРМ. Угриновски изјави дека додека бил раководител на студентската организација имал контакти со државните служби, меѓутоа, не знаел дека овие разговори државата ги сметала како соработнички и дека против него водела соработничко досие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.
– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.
– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.
Македонија
Сончево време со услови за пороен дожд попладне
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.