Спорт
Обајвен составот на Камерун, Ето сепак ќе игра на СП

И покрај тоа што вечера најдобриот камерински фудбалер во саботата изјави дека сериозно се двоиуми дали да настапи во Јужн Африка по критиките што ги доби од сонародникот кој е фудбалск алегенда Рожер Мила, тој фигурира на денеска обајвенито список на селекторот Пол ле Гуен
Камерун натпреварите по групи ќе ги игра во групата Е со Холандија, Данска и Јапонија. Составот инаку е објавен пред време а на него преовладуваат искусни играчи кои ќе бидат предводени од проверените Сонг, Жереми и Ето. Голмани: Хамиду Сулејману од Кајзерспор, Идрид Карлос Камени од Еспањол, Ги Роланд Нди Асембе од Валенсијанс.Во одбрата ќе играат Беноа Асу-Екото и Себастиен Басонг од Тотенхем, Гаетан Бонг од Валенсијанс, Аурелиен Чедју од Лил, Жереми Нјитап од Анкарагичи, Стефан Мбиа од Олимпик Марсеј, Николас Нкулу од Монако и Ригобер сонг од Трабсонспопрт.Средниот ред на Камеун го сочинуваат Енох Ејонг Тарканг од Ајакс, Жан Макун од Олимпик Лион, Жорж Манјек од Кајсзерслаутерн, Жоел Матип од Шалке 04, Ландри Нхуемо од Селтик Глазгов и Александре Сонг од Арсенал.Во нападот покрај Самул Ето од овогодишниот европски шампион Интер, ќе играат Винсент Абубакар од Котон спорт де Гаруа, Ерик Чупо-Мотинг од Нинберг, Ачиле Емана од Бетис Севиља, Мохамаду Идрису од Фрајбург и Пјер Вебо од Мајорка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе се договори со Арсенал, Асенсио кај Мурињо

Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор.
Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти.
„Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре.
Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
Марко Асенсио постигна договор со Фенербахче околу платата. Турскиот вицешампион сака да го доведе на едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот, додека челниците на ПСЖ сакаат да го продадат.
Шпанскиот репрезентативец доаѓа на инсистирање на Жозе Мурињо, со кого имаше можност да работи во Реал Мадрид.
Анесио одигра 13 натпревари за Астон Вила, каде што беше на позајмица во вториот дел од сезоната, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Фото/ EPA-EFE/DANIEL HAMBURY
Спорт
Капитенот на Торино го засили Милан

Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI
Спорт
Ливерпул ќе го повлече бројот 20

Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота.
Заедно со својот брат Андре, тој излета од патот со автомобил, кој се запали и двајцата ги загубија животите.
Голема трагедија го погоди светскиот фудбал, а неговиот клуб Ливерпул одлучи да постави преседан.
На „Енфилд“ ќе го повлечат дресот со број 20, кој го носеше трагично починатиот фудбалер и во клубот и во репрезентацијата.
Дресот со број 20 ќе стане првиот дрес што Ливерпул ќе го повлече во својата историја.
„Бројот 20 со право ќе биде пензиониран. Она што за жал се покажа како негов последен поглед кон фудбалот му ја донесе титулата во Премиер лигата и Лигата на нации на УЕФА. Бројот 20 со право ќе биде овековечен за неговиот придонес во шампионската кампања на Ливерпул во сезоната 2024/25 и 20-та титула во историјата на клубот, со неговиот потпис и гол пред „Копот“ што ја запечатија победата во дербито на Мерсисајд во април, постигнувајќи го последниот гол во животот“.
„Да ја дочекам оваа сезона со титулата што ја бркам со години, во најдобрата лига во светот – за мене, каде што сонував да играм од детството – е момент што ќе го носам во срцето засекогаш“, објави Ливерпул.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN