Спорт
Фудбал: Македонија не ја изненади Русија во Москва
Добрата игра на македонските фудбалски репрезентативци на московскиот стадион „Лужники“, сепак не беше доволно да се постигне поволен резултат, и тоа на теренот на фаворизираниот противник. Русија славеше со 1:0.
Добрата игра на македонските фудбалски репрезентативци на московскиот стадион „Лужники“, сепак не беше доволно да се постигне поволен резултат, и тоа на теренот на фаворизираниот противник. Русија славеше со 1:0.Творец на победата на Русија е играчот од средината на теренот, Игор Семшов кој беше прецизен во 41 минута од мечот. На голот му претходеше сомнителна ситуација во шеснаесетникот на домашните, кога беше соборен македонскиот капитен Горан Пандев. Фаулот не беше санкциониран со удар од белата точка од страна на судијата од Турција, но за протестот Пандев заработи жолт картон и нема да настапи во Скопје на 6-ти септември против Андора. Русија со ова во Групата В за квалификациите на Европското фудбалско првенство има 16 бодови, и моментално е на првото место. Во Даблин во рамките на нашата група денеска меѓу себе играат и репрезентациите на Ирска и Словачка, кои имаат по 13 бодови.Македонија одамна ги загуби сите шанси за добар пласман во овој квалификациски турнус, и останува на петтата позиција со четири бодови. Вечерва во Москва мечот за Македонија го почнаа Мартин Богатинов, Ванчо Шиков, Горан Попов, Николче Новевски, Иван Тричковски, Величе Шумоликоски, Мухамед Демири, Горан Пандев, Агим Ибраими, Даниел Георгиевски и Мирко Ивановски.Русија стартуваше со Вјачеслав Малафеев кој меѓу стативите го замени стандардниот руски голман Акинфеев и се чини тоа го стори многу успешно одбранувајќи неколку удари на македонските напаѓачи. Алексеј и Василиј Березуцкиј беа во бековската линија, а пред нив првата линија на руската одбрана ја сочинуваа Александар Анјуков, Јуриј Жирков и Игор Семшов. Рускиот селектор Дик Адвокат, во нападот ги постави Игор Денисов, Роман Широков, Константин Зирјанов, Андреј Аршавин и Алекснадар Кержаков.Адвокат сакајќи да ја отстрани секоја можност од изненадување во второто полувреме наместо стрелецот Игор Семшов во игра го внесе напаѓачот Роман Пављученко, со што го пренесе тежиштето на играта на противничката половина. Но, и во второто полувреме првата можност да се загрози противничкиот гол ја имаше Георгиевски, во 47 минута, а во следната минута Кержаков излезе сам пред македонскиот голман Богатинов, кој имаше уште една добра интервенција, но овојпат повеќе благодарејќи на неснаодливоста на рускиот напаѓач. Македонските репрезентативци во вториот дел играа за ниво во послабо темпо отколку во првото полувреме, што сепак беше резултат и на формацијата што во вторите 45 минути ја изведе рускиот селектор. Сепак, повторно сериозна прилика имаше повторно Македонија преку Мухамед Демири кој во 53 минута силно се проби но не успеа да го совлада Малафеев. На спротивната страна во 59 минута успешно интервенираше Богатинов, кој спречи Жирков да го зголеми водството на Русите. До крајот на мечот руските фудбалери ја имаа доминацијата, решени да ја остварат победата којашто може да се покаже како многу значајна во настојувањата да се квалификуваат за ЕП во Полска и Унгарија во 2012 година. Новиот селектор Џон Тошак, кому ова му беше официјално деби на клупата на македонската репрезентација, во вториот дел од второто полувреме се реши да им даде шанса да ја почувствуваат атмосферата и на младите Феран Хасани кој во 66 минута го замени Ибраими, Александар Трајковски во 75 минута влезе на местто од Ивановски, а Муарем Муареми ги одигра последните десет минути заменувајќи го Шумоликоски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хаос во Конференциската лига, фудбалерите ги молеа навивачите да не се тепаат
Фудбалерите на Ноа и Сигма Оломоуц се сретнаа во третото коло, во Конференциската лига.
Чешкиот тим во Ереван победи со 2:1, благодарение на головите на Филип Славичек и Абдулае Сила, додека Нардин Мулахусејновиќ постигна гол за Ерменците.
И покрај фактот дека во првото полувреме беа постигнати дури три гола, овој период од натпреварот го обележа тепачката меѓу навивачките групи на двата тима.
Инцидентите се случија и покрај оградата што ги делеше. Хулиганите се обидоа да ја срушат додека разменуваа удари.
Ситуацијата излезе од контрола, а во еден момент почнаа да летаат столчиња во сите правци, како и канти за ѓубре, па фудбалерите на двата тима мораа да реагираат.
Заедно, на крајот истрчаа кон трибината каде што се одвиваше хаосот и почнаа да ги молат навивачите да се смират и да ја намалат тензијата. Дуелот не беше прекинат, но на крајот ситуацијата се смири и играта продолжи.
Fight between fans! pic.twitter.com/kjgM358R4x
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 6, 2025
Спорт
(Видео) Лига Европа: Звезда победи во Белград, Динамо поразен во Загреб
Регионалните велика Црвена звезда и Динамо Загреб играа на домашен терен во рамките на четвртото коло во Лига Европа. Црвена звезда го победи Лил со 1:0, а Динамо доживеа шокантен пораз од Селта (0:3).
На „Маракана“ во Белград, Црвена звезда успеа да ја забележи првата победа сезонава во Лига Европа. По нерешениот резултат со Селтик и поразите во Португалија од Порто и Брага, спрскиот првак минимално славеше над Лил.
Решавачкиот момент се случи во 84.минута кога Иваниќ избори пенал. Сигурен реализатор беше Арнаутовиќ.
Динамо загуби со 3:0 од Селта Виго во четвртото коло од Лигата на Европа на „Максимир“. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, во кое шпанскиот тимш ги постигна сите три гола. Двоен стрелец беше Пабло Дуран, додека Серхи Домингез си постигна автогол.
Лига Европа на УЕФА, 4. коло
Базел – ФЦСБ 3:1 (1:0)
/Шачири 19пен, 73, Салах 88 – Олару 57/
Митјиланд – Селтик 3:1 (3:0)
/Ерлиќ 33, Гогоржа 35, Џу 41 – омраза 81пенал/
Утрехт – Порто 1:1 (0:0)
/Родригез 48 – Саинц 66
Црвена звезда – Лил 1:0 (0:0)
/Арнаутовиќ 85/
Динамо З. – Селта 0:3 (0:3)
/Дјуран 3, 44, Домингез 28 години/
Малме – Панатинаикос 0:0 (0:0)
Ница – Фрајбург 1:3 (1:3)
/Оморуџи 25 – Манзамби 29, Грифо 39пен, Шерхант 42/
Салцбург – Го Ахед Иглс 2:0 (0:0)
/Вертесен 59, Терзиќ 80/
Штурм – Нотингем Форест 0:0 (0:0)
Спорт
Мурињо: Никој нема да ме убеди дека сме испаднати од ЛШ
Вчера, Бенфика загуби со 1:0 во Лисабон од Баер Леверкузен во четвртото коло од Лигата на шампионите. По четири кола, тимот на Жозе Мурињо има ист број порази со гол-разлика од 2:8. Токму гол-разликата ја прави разликата помеѓу претпоследната Бенфика и последниот Ајакс, кој исто така е на нула бодови, но со гол-разлика од 1:14.
Сепак, Мурињо верува дека Бенфика може да се пласира во плејофот за нокаут-фазата.
„Јас сум поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е многу јасна – остануваат 12 бода во игра, а ни требаат околу девет. Математиката вели дека е можно, но не само тоа. Овој натпревар ме убеди дека можеме да ги добиеме натпреварите што ни се потребни.
Имаме уште два натпревари до крајот на календарската година, и ако ги добиеме двата, целосно сме во игра за да продолжиме понатаму. Лигата на шампионите е највисокото ниво на европскиот фудбал. Денес, противникот беше тим кој не создаде ниту шанса, ризикуваше ништо… но тоа е многу високо ниво. Со три стопери вредни милиони и со многу квалитет“, рече Мурињо. .
Мурињо пристигна во Бенфика на 18 септември и досега го предводеше клубот во 11 натпревари. Тој забележа 6 победи, два нерешени резултати и три порази.
Во Лигата на шампионите, тој ја предводеше Бенфика во поразите против Челзи (1:0), Њукасл (3:0) и вчерашниот 1:0 против Баер. Во преостанатите четири кола од Лигата на шампионите, Бенфика ќе игра против Ајакс во Амстердам, Наполи во Лисабон, Јувентус во Торино и Реал Мадрид во Лисабон.

