Свет
Триесет убиени во полициски напад на Јамајка врз упориштето на нарко бандата
Повеќе од 27 лица се убиени а 31 е рането кога повеќе од илјада полицајци го нападнале станбениот комплекс во кој се забарикадирани вооружените телохранител и припадници на бандата на Кристофер Дудус Кок, трговец со дроги кого Јамајка треба да го испорача на САД
Полицајците упаднале во упориштето преку препреките од бодликава жица псотавен аво населбата Тиволи гарденс во западнито дел од јамајканската престолнина Кингстаун, пренесува AFP. По нападот, полицјата изјавила дека загинале 27 а 31 лице биле ранети.Инаку судирите меѓу полцијата и припадниците на нарко бандата на Кристофер Дудус Кок избувнаа во понеделникот навечер кога полициските сили на Јамајка се обидоа да го приведат. Гангстерите се повлекле во населбата од каде даваа силен отпор, па полицијата мораше да повика на помош и воени хеликоптери. Странските дописници јавуваат дека се уште не е јасно што точно се случува во големиот станбен комплекс во Тиволи гарденс, каде добро вооружените криминалци кои се помогнати и од платеници не дозволуваат да биде израчен најпознатиот нарк-бос од Јамајка. Дудус американските власти го сметаат за еден од најголемите и најопасни трговци со дрога кој има многу пари со кои сега ги активирал платениците, откако стана јасно дека премиерот на Јамајка, Брус Голдинг ќе стави крај на деветомесечното одложување за негово израчување. Меѓутоа, се уште не епознато дали во Тиволи се наоѓа и самиот Дудус или, пак, се сокрива во некој друг крај од земјата. Кок во САД го очекуваа судење а доколку биде осуден спроед обвиненијата, ќе добие повеќедецениска затворска казна. Американското министерство за правда во понеделник изјави дека владата на Јамајка има одговорност да го лоцира и уапси Кок. Портпаролот на американската амбасада во Кингстаун негираше дека САД преговараат со адвокатите на Кок. Во текот на вторник вооружените судири се проширија и во другите сиромашни квартови на Кингстон и во предградијата. Центар на судирите е Тиволи гарденс, но платениците повремено ги напаѓаат полицајците и во другите делови од градот. Министерот за безбедност, Двајт Нелсон изјавил дека полицијата ја има ситуацијата под контрола, иако медиумите известуваат дека се нападнати и повеќе полициски станици, меѓу кои е и главната полициска станица во престолнината. Инаку криминалците уште во неделата навечер почнаа со нападите врз полицијата. Кок ја црпи моќта од својата поврзаност со владејачката партија и е еден од локалните водачи. Платениците се всушност неговата приватна војска, која е формирана во 1970-ите кога Лабуристичката партија на која и е близок Кок, како и другите партии на Јамајка формираа свои паравојски за да си обезбедат добри резултати на изборите. Во меѓувреме бандите ја преземаат трговијата со дроги но и натаму остануваат лојални на партиите кои ги основаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Би сакал да се сретнам со Трамп во Будимпешта
За време на средбата во Кремљ, Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараа за ситуацијата во Украина и за билатералните односи.
Претседателот на Русија рече дека идејата Русија и САД да одржат разговори во Унгарија ја предложил Доналд Трамп: „Тој веднаш рече: „Имаме добри односи со Унгарија, вие имате добри односи со Виктор, и јас имам, па затоа ја предлагам оваа опција“. Секако, со задоволство ќе се согласиме“.
Путин истакна дека би сакал средбата да се одржи во Будимпешта доколку страните се согласат за тоа. Москва, вели тој, ја знае балансираната позиција на Унгарија за украинското прашање: „Ви благодарам што толку отворено реагиравте на можноста за средба меѓу мене и претседателот на Соединетите Американски Држави токму во вашата земја“.
Од своја страна, Орбан рече дека е подготвен да обезбеди место за преговори:
„Се надеваме дека неодамна презентираните мировни иницијативи на крајот ќе доведат до тој многу посакуван мир“.
Путин нагласи дека односите меѓу Москва и Будимпешта се темелат на прагматичен пристап – земјите соработуваат во енергетиката, а трговијата се зголеми за седум проценти оваа година. Постојат прашања и проблеми што бараат дискусија.
„Многу ми е мило што, и покрај сите предизвици денес, нашите односи преживуваат и продолжуваат да се развиваат“.
Орбан прецизира дека Унгарија ја цени стабилноста на снабдувањето со енергија од Русија и е заинтересирана за понатамошен дијалог.
„Ова е четиринаесетти пат како се среќавам со вас. Мислам дека, земајќи го предвид сегашниот историски момент, навистина направивме многу за да ја развиеме соработката меѓу нашите народи. Искрено се надевам дека ќе направиме многу повеќе“.
Премиерот додаде дека Будимпешта не подлегнала на надворешниот притисок и дека продолжува да ги развива односите со Москва.
На состанокот присуствуваа и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, помошникот на претседателот, Јуриј Ушаков, и вицепремиерот Александар Новак. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно истакна дека лидерите не планираат да се обратат пред медиумите.
Орбан пред летот за Москва рече дека сака Унгарија да продолжи да увезува нафта и гас од Русија. Според него, САД ги укинаа санкциите за испораките преку нафтоводи. Премиерот нагласи дека рускиот извоз ѝ обезбедил на Унгарија најниски цени на енергија во Европа.
Фото: ЕПА
Свет
Турската полиција уапси повеќе од 1.000 лица во безбедносна операција во Истанбул
Турската полиција уапси 1.022 лица за време на големата безбедносна операција „Мир Истанбул“ спроведена во Истанбул, објавија властите.
Операцијата почна доцна синоќа со поддршка на полициски хеликоптери и бродови на поморската полиција, објавија турските медиуми.
Речиси 3.000 полицајци се распоредени во целиот град поставувајќи контролни пунктови, проверувајќи јавни места и извршувајќи проверки на идентитетот, пренесува „Танјуг“.
Проверени се повеќе од 363.000 лица, а 528 лица се приведени под сомнение за разни прекршоци. За време на операцијата конфискувано е нелегално огнено оружје, празни пиштоли, пушки, муниција, над еден килограм наркотици и готовина поврзана со продажба на дрога.
Исто така, биле проверени речиси 200 компании и извршени се обемни сообраќајни контроли.
Службениците истакнуваат дека операцијата е дел од континуираните напори за зајакнување на јавната безбедност во најголемиот град во Турција.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Трамп до американска новинарка: Дали си глупава?
Американскиот претседател Доналд Трамп нарече американска новинарка глупава кога таа му постави прашање за безбедносните проверки на авганистанските бегалци на прес-конференција, јавуваат американските медиуми.
„Дали си глупав човек?“, праша Трамп за време на говорот од својата резиденција Мар а Лаго на Флорида, објавува „Њујорк пост“.
Инцидентот се случил кога една новинарка го прашала американскиот претседател зошто го обвинува својот претходник Џозеф Бајден иако токму членови на администрацијата на Трамп тврделе дека Авганистанците што емигрирале во Соединетите Американски Држави биле темелно проверени, вклучувајќи го и Авганистанецот Рахманула Лаканвал, осомничен за пукање врз двајца припадници на Националната гарда во средата.
🚨 HOLY CRAP — Trump just blew up at reporters on live TV.
A journalist pressed him on why he’s blaming Biden for the D.C. National Guard attack, and Trump snapped:
“Are you a STUPID PERSON?”
“They LET HIM IN… they came on a plane with thousands who shouldn’t be here!”
“You’re… pic.twitter.com/p24NOhb1do— Brian Allen (@allenanalysis) November 28, 2025
„Затоа што ги пуштија внатре. Тие бегалци пристигнаа со илјадници други луѓе, кои не треба да бидат тука, а вие поставувате такви прашања само затоа што сте глупав човек“, ѝ се обрати Трамп на новинарката.
Во средата Трамп го критикува и „Њујорк тајмс“ за статијата што се фокусира на неговата возраст и на зголемените знаци на замор нарекувајќи го авторот на статијата „новинар од втор ред, кој е грд и однатре и однадвор“.
Порано овој месец, тој го нарече новинарот на „Блумберг“ „свиња“, а друг „ужасна личност“, потсетуваат медиумите.
Фото: ЕПА

